Еве нешто тазе од Вардар. Денес бев да си земам грозјенце од Неготино, па ус пат си викам да си фрлам и некоја рака
да не биде џабе одеето
. И како по обичај кога не планирано се трга по риба, тогаш ке јаде како да не видела
а за да биде се тоа толку интересно и возбудливо времето на пецање беше ограничено
Малку фалеше да се вратам без грозје:lol:
но што е тоа е >Ловев во Неготинскиот ревир, исклучиво на тазе жито лукс
8 јадица, 14 конче, 3,5гр. тапа по мера
нормално со честа но мала прихрана од бајат леб. јадеше бојник од 300-400 ,,,,,700-900,,6 парчина и меѓу нив се најде една зеленикава мрена од 800гр., и едно кинење од баба и
Се на се 13 кг за 4 саатиi, и тоа од 11 до 18 часот, и прекин поради товарање на грозјето
. Али и тоа е добро зошто ке има винце и ракииче за зимово покрај вода, идат ладни денови ке треба греењеi. Време за сликање немав многу, сликнав нешто на кратко, ке ме извините, али мислам дека има и што да се видиi:
И на што друго ако не на црната стрела истепани сите овие рипчина, слатко ама кратко.
До наредниот риболов ве поздравувам и нека ви е бистро