www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 5:38 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 15, 2012 1:16 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Идеава ја даде чинам Карло, еве ја отварам и оваа тема.
За да не биде општа и непрецизна мислам дека е добро да дадеме предлози со кои и какви настани би се случило ова. Сигурно е дека старите времиња неможат во целост и со иста мерка да се вратат, но сигурно може да биде подобро, некои луѓе секако и во иднина нема да се “љубат“, ама доволно е да се биде културен, куртоазен и со почит кон сите.

Мој предлог е www.ribar.com.mk и форумот да бидат организатори, медијатори, или предводници на овие случувања, пред се поради независноста, непристрасноста и ентузијазмот со кој ги организиравме дел од работите во изминатиот период, да пробаме да помогнеме на крапскиот риболов во МК. Настан со кој би се започнало би била една тркалезна маса, со дневен ред, со луѓе од форумот и РИБАР како модератори, со луѓе од МАККРАП, МКА и поединци кои не се никаде, а кои не живеат со девиза “од ова ништо не бидува“ и кои сакаат да дадат допринос некои работи да се подобрат. Главна тема на оваа тркалезна маса би била Лигата, мое мислење е дека 99% од крапиџите се ЗА добра лига и дека тоа е тема која заслужува седнување на заедничка маса, размена на мислења, искуства, проблеми во минатото и предлози за иднината. Една, две или колку и да треба тркалезни маси по кои ќе се заокружи заедничка платформа, идеи и предлози за следниот чекор.

Следен чекор, во организација на www.ribar.com.mk и форумот, тркалезна маса со луѓе од форумот и РИБАР како модератори, од една страна претставници на МАККРАП, МКА и некои поединци ако е поребно и МРФ од друга страна. Отварање на болната тема, вкрстување на аргументи и предлози и обид да се дојде до некакво решение, но со намера да се дојде, а не со намера да се испокараме. Ако сите имаат желба да се најде решение, тогаш ќе се најде.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 15, 2012 7:32 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Дек 10, 2011 1:55 pm
МислењаCOLON421
Jas sum pesimist za tvoite idei poznavajki gi tabietite na del od lugeto...Keski da gresam i na kraj da ispadni obratno.......


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 15, 2012 7:36 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Jas mislam deka poleka se stvara edna kriticna masa na krapdzii koj se spremni da se pomirat, da zaboravat i se nadevam deka zelbata da prenesat del od znaenjeto i da se sozdadat nekolku dobri timovi ke nadvladee.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 15, 2012 7:43 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
Jas mislam deka ce moraat .Poradi licen interes i poradi sevkupen interes ! Premnogu vlozile ,za da sega samo posmatraat od strana .Kvalitetna Liga vo koja bi ucestvuvale site e nivni interes i sansa za odenje na slednoto svetsko prvenstvo.A mislam deka nema takov koj ne bi sakal da odi . Za razlika od Jovan jas sum optimist po ova prasanje :D ili ce ja bide ovaa rabota ili nema krapski ribolov vo MK :oops:

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 15, 2012 7:56 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Дек 10, 2011 1:55 pm
МислењаCOLON421
Vidi ova rabota jas ne ja poznavam mnogu.......Jas ne sum jadicar i nemam pretstava okolu opremata......Mada denes so vidov oprema sigurno e toa skapa rabota...i mosne skap sport......No jas gi znam lugeto, nivnite razmisluvanja za MRF, za odredeni lica tamu...Ne vervam deka ke se kadarni da se nadminat...Zborvam za tie so veke fatija sprotivna strana, ne zborvam za luge koi plivaat i se nemi posmatraci, se cudat so se desavat...No aj da vidime.....


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 15, 2012 8:03 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Site ne veruvam deka ke zaboravat i uspeat da preminat preku seto sto se slucuvalo.
No nekoj ke go storat toa.
Neka se otide nekolku pati na svetsko, neka pridojdat mladi krapdzii, neka se sobere iskustvo pa zdravje boze, se moze da se sluci.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 15, 2012 8:15 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
На нив останува, многу млади крапџии веќе се запознаени за проблемите и перпирките нивни како кога се караат жени.
Остануваат две работи, или да се спуштат егото и суетата и да се „доработи“ она што остана со младиот кадар, или ќе остане црна дамка кога ќе се креира историјата за нив. Некои и ќе ја демистифицираат.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 15, 2012 8:35 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Дек 10, 2011 1:55 pm
МислењаCOLON421
Za mladite (tie se onie koi ne se premnogu popaleni i koi plivaat vo denesnicava i se cudat so se slucuva), so niv mozi coek da se razberit...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 15, 2012 10:16 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Има ли шанса, барем за овие загреани души?
Мачни души, желни за натпревар, дружење, докажувања.
Кога јас почнував и се заинтересирав за натпреварувања, при една посета на кафе на Аквариум,случајно налетав на едно коло од Првата крапска лига година господова??? не знам точно. За прв пат ги видов на дело:
Кокан со Мечо, Сергеј со Тони, Ицо со Клисарот и Васил, Зоки со Тото, Свето и Пепи ....оклолу 12-тина екипи. Бајка.
Таа лига беше под капата на МРФ (на чело со Мишо Христовски) и верувале или не секоја екипа имаше платено котизација од (не сум сигурен) околу 200 евара (или марака беа)? Таа година отидоа на СП во Португалија. Благодарение најмногу на Јонче и Пупаковски.
Следна година господова, лига со по 200 евра по екипа. 12 екипи. Бајка. Екипи кој од кој.И покрај инсистирањето да се оди со федерација за СП во Белгија, некои поискусни рекоа не, сами ќе одиме, преку глава ни е МРФ. Мишо дозна, еден допис до ЦИПС и Белгија (покрај немањето пари и за котизација и за трошоци) остана да ја следиме преку малите екрани :D . Не сум сигурен и да се најдеа средства дека без МРФ ќе се отидеше.
Во година ??? се смени Мишо со Васко, но не се смени многу во финансирање. Лига 12 екипи. 200 еврича по екипа. :D Пари за светско (Васко вели) нема. За разлика од Мишо, тој дозволи со сопствени средства ако имаме може да учествуваме. Од МРФ ни мрвка.(Корекција-добивме една канта сирење од Васко). Тогаш дојде, не испрати, но и некако најдоа средства па дојдоа и во Белград, не посетија. Нема везе, барем отидовме и видовме (она што Серџо ви кажува за ЈАР и за 9000 евра за прихрана е само дел). Ако не го обезбедеше Сергеј комбето од Велес и автостоп ќе одевме. Но друго е поентата. Приказни има илјадници.
Во година господова ???, после разочарувањето од односот на МРФ, Мечо се изнервира и рече еб.. ти све јас ќе организирам. Екипи 26. :o Без обврски за одење на СП, без котизации, со либерални правила.
На состанокот со МРФ (2008 година), беше договорено доколку неколку екипи сами обезбедат средства можат да одат со аманет на МРФ во ЈАР на СП. Следеа иронични насмевки од типот пази да не отидете. Се заинатија неколку будали и се растрчаа по крапџии кои можат да си обезбедат (некаде колу 1500 евра по човек). Море моли го Мечо ај да се оди, не сакаше да чуе. За среќа или несреќа( :lol: )Коле и Љупчо мувата, Мики мило со мене, Зоки и Љупа, заедно со Драган, Васко, Раде и Бојаровски скрпија од џеп и од спонзори и се отиде. После овој спорот на МКА и МРФ изби на виделина дека Зоки го скрпил и сопствениот џеп. Нема везе, друго е поентата.
Година господова ??? лига = 10-тина екипи, котизација стандарт :D, мора=судии!!!. Мавровица, Селимли, Крушево. Бајка. На СП во Франција следната 2009, знаете. Бајка.
Година понатаму, лига = 10 екипи, котизација, Треска. Бајка. СП Англија. Тапа. Дрва. Нема везе, друго е поентата.
После враќањето од Англија, замре. Ширум се отворија вратите на гробиштата за спорскиот крапски риболов. Се повлекоа, Сергеј, Мечо, Зоки, јас ... Остана Мак крап со она нивното сами ќе тераме. И тераат, секоја чест. Ама не е тоа тоа.Цело е кога има се. Ми недостасуваат сите .....се.... Будали.
Од секогаш сме плаќале котизации. Отсекогаш сме партиципирале со свои средства за одење на СП.

Има нешто многу лошо.
Оладени срца, динамиката на животот не носи како буица, разочарани сериозни луѓе, обврски. А саатот чука. Ја продадов опремата во периодот на крапска натпреварувачка депресија. И сега, читам, ама малку има. Во последниот пост howitz напиша дека има шанси ако се спуштат егото и суетата. Не е само тоа. Се склопија лочињата. Тешко е да очекувате сите да се вратат.

Има нешто многу добро.
Доволно е да почне да се врти тркалото. Доволно е да се пријават само уште 5-6 екипи. Да се 10 барем. Меѓу нив сигурно ќе биде и некој од фосиливе. Ако има екипи, ќе седанат со Васил Костов или кој и да е и ќе се договорат. Ако сте спремни за финансирање на сопствената и државната афирмација (во најлош случај) има шанса да заживее. Секоја друга помош од страна нека биде плус. А за плус треба борба и трчање. Не мора да се чезнее за повторна средба на легендите на натпреварувачко поле. Ако има помасовна лига тие сами ќе дојдат. Се може да се истурка. И помала котизација и помалку за судиите (и тие нека придонесат). Уште сега, оваа година. Да се договори се. Јас сум возрасен, ама млад за крапаџиство. Имам уште да учам и така цел живот учам. Та нели дрво сум, а јагодиве не ми бегаат.
Абе убаво е. Ждребот не ми бил наклонет. Ама кога после маките на пренесување, сместување и монтирање ќе свирнеше за почеток почнуваше посебен дел од животот. Нема поубаво од палење цигара после борбата, извлекувањето и сместувањето во сак. Па со нетрпение го чекаш оној со вагата. На крај победата на еден крапски натпревар е еднаква на чуствата на еден олимписки шампион. Нели???

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 15, 2012 10:36 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
marks НапишиCOLON
Има нешто многу лошо.
Оладени срца, динамиката на животот не носи како буица, разочарани сериозни луѓе, обврски. А саатот чука. Ја продадов опремата во периодот на крапска натпреварувачка депресија. И сега, читам, ама малку има. Во последниот пост howitz напиша дека има шанси ако се спуштат егото и суетата. Не е само тоа. Се склопија лочињата. Тешко е да очекувате сите да се вратат.
Има некоја топлина во твоите постови Маркс. Доза на летаргичност, недостиг ама и многу мотивација. Те читам и некако проектирам во себе покрај твоето нараторсво, убави времиња, времиња на дружба и просветителство во крапскиот риболов.
Жалам што морам да го променам стилот на пишување но мојот став е едноставо скептичен во врска со ова.

Крапскиот риболов со оваа млада енергија како да добива нов погон и како да пробува да ја придвижи машинеријата која подолг период хибернира. Но, секогаш постои „но“, авторитетот и кредибилитетот кои некои луѓе го имаат стекнато тоа време денеска тешко е да го скршиш нели ? Не треба да ги имаме психоаналитичките способности на Фројд за да видиме што се случува и да формираме став така ? Мојот став е дека не треба да се навраќаме на минатото и на доајените на крапскиот риболов во Македонија. Младата енергија треба да продолжи понатаму без нив (условно), оној што сака да биде дел од даскалството во крапџиството ќе дојде сам и ќе пристапи. Другите ќе шират демагогија и ќе ги мерат оружјата за биолошко размножување. Нејсе, поентата е дека не треба да се моли никој, дека треба младите да продолжат понатаму како знаат и умеат, па и да сме трупци, крапџии сме, ако не критикуваат, нека дојдат да покажат нели ?
Чесните и морални спортски риболовци секогаш ќе победат. Со нивниот пристап, искреност и достоинството на водата и пријателството.
that's mine 2 dimes and a nickel.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 14 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum