За во недела планираме да идеме до Велешко, па ако некој има информација да сподели за активноста на рибата... а тоа и не е толку важно и да не јаде ќе бидеме во природа и доволно е...
ама ситуацијава со дозволиве, ќе имаме ли некој проблем ако отидеме?... избори се во недела па ваљда нема да има алфи да не бркаат нас од езеро,
![Smile :)](./images/smilies/icon_e_smile.gif)
а чувари нема заради немање на концесии, пааа...
А Велешко го избравме заради избориве да си се вратиме на време да си гласаме, да не идеме негде далеку од Скопје
![Wink ;)](./images/smilies/icon_e_wink.gif)
Иако концесија нема доделено за Велешко, ЗСР Бабуна врши контрола на езерото и бара дозволи. За дневна дозвола треба да си уплатите 100 денари на жиро сметка на ЗСР Бабуна 380-4770024011-32 ПроКредит Банка, со назнака за кој ден ви е дозволата, во спротивно можат да ви прават проблеми иако немаат право ни да контролираат ни да бараат дозволи, а па од друга страна и ние немаме право да риболовиме
![Sad :(](./images/smilies/icon_e_sad.gif)
, и затоа е ваква работата, никаква.
Јас бев во средата на Велешко и алгата беше расцветана, до недела би требало да помине.
Поздрав