Од 6-9-ти Септември на езерото Влашки Дол во близина на градот Враца се одржа третиот по ред турнир за оваа година. Мојот пријател од Заечар Бамби изрази желба да учествиваме, на мене не ми требаше многу убедување па така на 6-ти во осум наутро се најдовме на ова прелрасно езеро.
Езерптп е со доста млада популација на крапови , но по зборовите на концесионерот има и староседелци. Рибите се до некои 4-5 кг но се уверивме во овие три дена дека тоа не им преци да бидат многу борбени.
Бамби влечеше жреб и ни се падна позиција број 10 кое ништо не ни кажуваше бидејки не сум ловел на оваа вода воопшто.
Се упативме кон нашиот сектор, истоваривме еден тон опрема , се припремивме и чекавме 12 часот и натпреварот да започне.
Штом се даде знак за почеток одма ги зафрливме четирите трски со предходно монтирани мамци, двајцата ги земавме сподовите и започна едно прихранување до онесвестување.
После тоа се се смири , ни а ни б , си одседовме до сабајлето без биб на било кој сигнализатор. Шоуто започна околу 6,30 во Петок рано наутро , рибата како да полуде , имавме удари едновремено и на по две трски , направивме разлика за која бев сигурен дека ке ни донесе прво место.
Решивме да ловиме без пауза до крајот на натпреварот, три ноки без спиење, за преку ден да не зборувам и добро што во Саботата рибата реши малку да гладува па тала и Ние до крајот на натпреварот малку да поодмориме.
Резиме, се улови вкупно од сите 10 екипи 220кг. риба Јас и Бамби имавме 114кг како првопласирани , второпласираните имаа 27кг. риба.
Сеуште неможам да си дојадм на себе од умор !