Еве го на Лепи другарот, што се крстеше во него
Уапсен командирот на Езерската полиција во Охрид
Утрово во акција на МВР е уапсен командирот на Езерската полиција во Охрид, дознава Плусинфо од свои извори во полицијата.
Командирот е осомничен дека бил вмешан во криминал со криволовство и дозволувал нелегален улов на риба.
Во акцијата на полицијата се уапсени уште три лица кои се осомничени дека вршеле криволовство на штета на концесионерите. Повеќе детали во врска со овој случај МВР најави во текот на денот.
А од друга страна, еве го муабетот за Јован:
Со дозвола на експертите и ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се дозволува стопански риболов на белвица за време на мрест, и тоа со помали окца на мрежи од дозволените според подзаконските акти, кои се на сила,предупредуваат од СК "Свети Апостол Павле" од Охрид.
-Не се почитува Законот за рибарство и аквакултура , подзаконските акти, правилниците за дозволена големина на риби за лов , потоа за дозволена големина на риби за пуштање во промет , правилникот за дозволени големини на мрежи кои можат да се употребуваат за стопански риболов и риболовната основа. Белвицата се ловеше секој ден од 15 октомври до први декември а сега се дозволи нејзин лов 6 дена во шпицот на нејзиниот мрест до 15 декември. Сега се мрести и охридската пастрмка така да во мрежите за белвица се ловат и мали примероци на охридска пастрмка.
Никаде во светот не е дозволено да се лови било која риба во време на мрест со мрежи, а според подзаконските акти забраната за лов на белвицата започна на 15 октомври и трае до 31 март. Предходно од 1935 година до 2004 година во период на забрана се ловеше исто така познатата охридска пастрмка за вештачки мрест. Уловената пастрмка после мрестот не се враќаше во вода туку се убиваше и се продаваше. Тоа е една од основните причини што охридската пастрмка која е симбол на Охридско Езеро е пред исчезнување. Сега уловената белвица со се икра се убива и продава на пазар. Ако е тоа некој селективен риболов , како експертите го промение своето мислење за неколку месеци кое официјално е објавено во риболовната основа, каков е тој „селективен риболов“ без да се одреди која количина на риба треба да се излови ???? . Од каде податоци дека има многу белвица и треба да се врши селективен риболов, а во риболовната основа која излезе во службен весник дозволено е само 500 килограми да се улови белвица во првата година односно 2012 година.
Загрижени сме дека ке се случи исчезнување на уште една ендимична риба пастрмка која е од непроценливо значење за биодиверзитетот на целиот Европски континент.
Охридското Езеро крие одговори на развојната еволуција на рибите, сметаат еминентни научници од светот. Според нив охридската белвица која (сега се лови за време на мрест) е меѓу најстарите жители на езерото е алката која недостига во еволуцијата на рибите од видот „Салмониди“,велелат од "Свети Апостол Павле".
Сепак, чудна работа, од една страна, апсат комадир за нелегален улов на белвица, а од друга страна, полу-легално ловат маломерна белвица за време на мрест. Бог да чува од нашава држава