Може да му се објасни колега и тоа како може. Е сега за да се објасни како, треба да си фаќал и големи риби !
Живко ако си сам и имаш риба на јадица го зимаш кепот и го ставаш пред тебе во вода , крајот на рачката потпри го на стомах. Убаво е кепот да има и јастуче како би се намалило пропаѓањето на мрежата во вода.
Едно од основните правила НИКОГАШ не ја бркај рибата со кепот а ДОНЕСИ ја рибата на кепот.
Одкога тоа ќе го направиш подигни ја малку мрежата од вода , повлечи ја рачката назад и така си сигурен дека рибата навлегла во внатрешноста на мрежата.
Второ важно правило кога рибата ти е во ќешпт никогаш не ја дигај мрежата вертикално со рачката , 100% ке си го уништиш ќепот.
Веќе кога рибата е во мрежата може да ја оставиш рачката на земја за да ја тргнеш трската, отпушти ја кочницата да може да се одмотува најлонот, ја зимаш рачката со десната рака скроз напред до пред мрежата а со левата рака ја факаш мрежата и ја изнесуваш рибата на суво !
А еве како се кепчосува риба кога една дама лови