Како и вообичаено договорот за одење по риба (падна) во. 93.мин.
И се знае --ЕУФОРИЈА – ајдеееее ,кој спрема Чамец ,кој трски ,кој опрема кој оди по мамци,сето тоа за таа (ПУСТА ) риба.
Особено не радуваше што се договоривме после пауза, од месец и половина
поради високите температури,и нормално (неактивноста)на рибата да го посетиме пак нашето омилено—МАВРОВСКО—езеро.
Пристигнавме до езерото си ја распоредивме опремата и Чамецот –ЕЛАН-300 – од кој решивме денес да ловиме,удобно чамче за тројца рибари ,собира доста опрема, а и доволно е стабилен на вода.
Се прекрстивме и влеговме во чамец , бидејки нивото на водата беше доста опаднато ,нашите познати локации беа нормално (поплитки) па решивме да ја побараме рибата на неколку позиции.
Не толку добар ден за рибарење утрото доста свежо,потоа малку и ни се заоблачи мислиш само што не ни заврнало,имаше и повремен ветер па потоа сонце се сменија сите годишни времиња условите за добар улов сведени на минимум ---толку и уловивме,ха,ха,ха, ама си го направивме повторно МЕРАКОТ.
Еве што се случи дента...
Одредување на локацијаи, поздрав до колегите.
Море ја најдивме ,тука била и почнавме со што друго ако не со ловење риба,( не со пиење ).
Додека биеше утринската камбана во Црквата ,се помоливме на СВ. НЕДЕЛА
и еве го доказот слушајте ја КАМБАНАТА и уживајте во вадењето на кленот.
Оки-рибар се враќа во форма.
Дојде време за појадок,на среде—ЕЗЕРО—се разбира во чамец, дали има нешто послатко од таков доручек??????
Шведска маса и послужете се сами.
Денес на менито( Сува храна) не за друго него во сред чамец ни стоеше фрижидерчето и не можевме да распалиме СКАРАТАААААААА инаку знаеме и во чамец да ја РАСПАЛИМЕ .
После доручек се разбира СКОПСКО и се е можно.
Паузата за оброк помина ,одиме да ловиме ,Даце денес реши да лови КАРАШ значи се појави и тој—што особено не радува—
Даце и Карашот.
Знае и Карашот да направи добар мерак на рака поготово кога се вади од длабочина 15-20 метри.
Потоа ДЕКИ –рибароттт.
Пак Даце.
Ситната риба денес растураше ги имаше 100000000000000000000!!!!
Како вика народот (СУМА СУМАРУМ )задоволувачки,со оглед на тоа дека погледнавме малку подлабоко во Пивската флаша и ни се гледаа-- ДВЕ ТАПИ-
И за крај Оки-рибар беше – ЉУТ- како пиперчево што немаше повеќе риба .
Се разбира дека се шалам.
Поздрав до сите и до СКОРО ВИДУВАЊЕ .
БИСТРО –Оки-рибар, Даце –живели , ГОРАН-жацо, и Деан- рибароттт.
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 19 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум