www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 8:54 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON НОГУ ЉУБАМ ДА ВЕСЛАМ :((
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 25, 2012 1:45 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Откако заврши прошетката низ Софија со Горјан и чичко Васил, дојде време да се проба новата опрема на вода. Едвај додржав цела недела. Само ги претурав воблерите по дома и се мислев кој ден ке ги пуштам да пливаат.Башка и пентата само што ја земав од мајстор :mrgreen: .Дојде и тој ден. Барав да склопам екипа за тролинг.Се најавуваше пеколен ден. Таков беше и нашиот :x Кирца имаше за учење, на Компир малата му беше болна, но затоа Лимун беше слободен ко птица. Се договоривме набрзина, дојде човекот кај мене, наместивме чамецот ја товаривме колата и сабајлечки во 03ч метак на Козјак. Времето беше измислено за риболов. Го спуштивме чамецот во вода во 04:45ч, ги натоваривме стварите, уште нетргнати ги врзавме трските, и со аирлија ја креснавме пентата. Од прва не, ама запали од втора без проблем (додека да и дојде бензин).Предеше како маче :mrgreen: Е тука веќе започна нашата најнова голгота наречена ТОМОС 4 !!!
Се прекрстивме и тргнавме..... НО...............само мислевме дека сме тргнале. Моторот си работеше супер, но ние стоевме во место :shock: :shock: :shock: Се чудевме ко идиоти што може да биде.....Се додека лимун не забележа дека перката во вода не врти. Ах си реков, лесна работа кајлата е скината.....вади моторот да ја смениме. Го извадивме моторот, ја оштрафивме перката и кога шо да видиме кајлата си стои здрава права на место. Ама ај ние за секој случај да не се заебава Коперфилд со нас ја сменивме здравата кајла со нова :mrgreen: уште поздрава и понова. Вративме на место палиме (овој пат од прва) и ништо.Иста песна. Додека мењавме кајлата струјата не однесе према брана. Не поздравија неколку кленови со нивните величествени скокови при бркање, колку на целата нервоза да ни кажат дека се тука. И сеа шо да праиме стигнавме а моторот не го бива.Се малтретиравме 2 саати.Времето си леташе. Ми текна дека Ицо зајакот е по риба, и одма му завртев.Се јави само што станал од спиење да ми се пофали дека само што мавнале еден амур од 13-14 кила. Барав помош. И алал да му е ме упати правилно. Бидејки немавме пренос од моторот на перката, проблемот беше главната челична кајла кај зупчаникот.Ама за тоа да го средиме моравме да излеземе на обала. И ајде мајка веслање, скоро од пред брана до сплавот :(
Стигнавме тамо. И шо да праиме сеа.Со на кирца алатот чоек неможе да се самоубие а не штраф да одврти. Тоа штрафцигерот Хитлер на бегање му го остаил.Да сакаш у око да си брцнеш ке се свитка. Имаше едни дечки алал да им е, се разбираа малку од механика па ни помогнаа. Отштрафија и видоа дека мора да е мења кајлата.Немавме нова кајла па работа заврши една подебела шајка која одвај ни ја позајмија едни стари чичиња кои со тешко срце ги оставија трските после 1 саат молење и отидоа у кола да ни донесат(претходно се вадеа дека немаат па после донесоа и штрафови со мутери да видат дали ке ни завршат работа) Склопивме, запаливме, и ај аирлија конечно тргавме. Се насмеавме ко џокери, а веќе беше 8 и 30ч. Одма пуштивме трските со голема надеж за сепак добар риболов. Но риба како да немаше. Дувна силен ветер и уште повеќе ни ги влоши условите за риболов. Но ние не се откажувавме......менувавме воблери и тамо некаде пред Гургурница ни даде два удари одеднаш на две ситни кленчиња кои нормално веднаш ги вративме назад. (лимун има задача да го стави видеото) Само што тргнавме повторно, кај мене повторно удар. Брзо излезе овој убав кленко :D
[ img ]
Продолживме да ловиме. Некако слабо ни одеше. Сменив цел арсенал воблери. Следно што уловив беше ова прекрасно парче :roll:
[ img ]
Ништо, си реков, овој е малер воблер, лови само корења. И го сменив со овиот JAXSON шо си го купив сега во Бугарија. Само што го пуштив, ослободив 40тина метри конец и не помина минута време удар. Добро е си реков ова е риба :D
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Повторно го пуштив во вода да лови. И тогаш удар кај Лимун. Во целата таа мешаница изгледаше дека Лимун по се изгледа има добро парче на трска па морав да го угасам моторот.Мојот воблер бидејки беше пловечки не го извадив од вода. Додека го спремав кепчето гледав во врвот на лимун. Интересно и отсечно се виткаше. Едвај чекав да ја видам рибата. Кога одеднаш повлече 2-3 пати посилно и се откачи. Пуу мајки шајки пцуење колку сакаш. Ништо повеќе среќа на следното тргнување си реков. Го запалив моторот и тогаш што да видам. Оставајки ја трската да му помогнам на лимун несакајки сум ја допрел штотуку намотаната SPIDER WIRE плетеница 0.12 до врелиот ауспух на моторот.50 м конец и Jaxson-от останаа во вода :o :oops: :x :x :oops: :o :x :oops: :o Е јеби га !!! :evil:
Нервозни продолживме да возиме. Удрија уште неколку кленови.
Еден од нив ме поздрави квалитетно. При претањето во чамец се откачи и воблерот летна силно, доволно колку да ме поткачи во внатрешниот дел на дланката со врвот од трокуката.На прв поглед не изгледаше баш интересно.Течеше доста крв, ама го притиснав некако и престана.Можеше да биде многу понезгодно. Ми остана успомен :)
[ img ]
Малку подоцна му вратив, и јас го пресеков :D квалитетно :D
http://i867.photobucket.com/albums/ab23 ... 99/1-6.jpg
Slikata linkovana, respekt sprema ribata,neka ide vo ribolovna kujna...Kompir99
Некаде околу 15ч решивме да одмориме. Фативме една привремена сенка во првиот залив и седнавме да ручаме и да одмориме. За тоа време Лимун сакаше да се слика во природа малку :D
[ img ]
А јас размислував со кој модел ке го продолжам риболовот.
[ img ]
[ img ]
Лимун ми помагаше во изборот и смислување на новата стратегија. :D
[ img ]

Се одлучив за оваа рапала, која ја спремав со олово да ја спуштам малку подлабоко во средишниот дел на езерото и така да пробам некое извесно време..... :)
[ img ]

Кленот почна да се раздвижува.Скокаше наоколу, но не сакаше да земе кога му фрлавме од рака.Земав да ја запалам пентата и да тргнеме... Но ако се беше така едноставно немаше да биде интересно..... И еве......... :shock:
[ img ]

Изгледа повлеков малку посилно а ? Е јеби га........Ми се стемни и ми се раздени во дел од секундата.Збеснав но во целата несреќа олеснување беше тоа што бевме САМО на крајот во првиот залив :? :( :? :( Сакав да го фрлам моторот во вода секундарно. Но немаше друго чаре.Веднаш ги фативме веслата се поклонивме, и си тргнавме да весламе на контра ветер со песната Лихнида танкер веслаше.... :lol: :lol: :lol:
На Лимун му се доскисели некаде на пола веслање.Нормално од овој дел нема слики....Ни се тресеа рацете па несакавме и апаратот да ни падне во вода :lol: :lol: Мене ми беше веќе отежнато зошто раката ми беше исечена. Реши Лимун да ја праи пентата. Му се јавивме на Маријан да ни даде инструкции. Чоекот убаво ни објасни.... Ама Лимун стручњакот оптимистички продужи, и нормално ни излета федерот кај шо се мота јажето :lol: :lol: :lol: :lol: И ајде јово наново. Веслање до сплавот...... За среќа ветерот сврте во наша полза па некако стигнавме. Тамо целите накрвавени напраивме некоја фотка со сликите и полека почнавме да се пакуваме за накај дома......Старите чичиња се прекрстија кога не видоа како весламе :lol: :lol: :lol:
[ img ]
[ img ]
[ img ]

И така.....се спакувавме се припремивме , го качивме чамецот на кров и си тргнавме по пат накај дома.....Со надеж дека следниот риболов нема да биде толку баксузен. Поздрав до сите колеги риболовци со оваа репортажа од мене и колегата Лимун. БИСТРО !!!

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: НОГУ ЉУБАМ ДА ВЕСЛАМ :((
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 25, 2012 2:18 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Tomosov nikako da se sredi :(
Dobro e barem si ja seftosal opremata :D

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: НОГУ ЉУБАМ ДА ВЕСЛАМ :((
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 25, 2012 2:21 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
VladoMKD НапишиCOLON
Tomosov nikako da se sredi :(
Dobro e barem si ja seftosal opremata :D
Веќе е кај Маријан..... Сум му искршил карики и сум изместил некоја пиксна коа сум го дрмнал... :D :D :D Ако добро разбрав !!!

Ама за у Недела ке биде авион :ugeek:

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: НОГУ ЉУБАМ ДА ВЕСЛАМ :((
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 25, 2012 2:45 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
И да ја крстеше репортажава ЦИЦАЊЕ ВЕСЛО немаше да погрешиш.... :lol: :lol: Сепак,убав ден,исполнет и со нервоза,и со радување,со смеење..... :D Башка новата трска ја сефтосав асално,имавме многу откачувања на риба,а и некои кленови што ги извадивме беа на влакно закачени за трокуката.Кленот напаѓаше и од длабочина,и од страна.

Еве неколку видеа од тој ден




_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: НОГУ ЉУБАМ ДА ВЕСЛАМ :((
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 25, 2012 2:49 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
опрај ги видеата не чинат !!!

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: НОГУ ЉУБАМ ДА ВЕСЛАМ :((
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 25, 2012 2:54 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
$DARE$ НапишиCOLON
опрај ги видеата не чинат !!!

Ги оправив... :D ;)

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: НОГУ ЉУБАМ ДА ВЕСЛАМ :((
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 25, 2012 3:01 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
I pokraj tolku nervozi so kolnetava penta lugjevo izvadile riba haha, bravos ubavo skockana reportaza.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: НОГУ ЉУБАМ ДА ВЕСЛАМ :((
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 25, 2012 7:15 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Па има во нашава болест и вакви работи,ама и покрај сите малери не сте поминале лошо,мислам на рибата :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: НОГУ ЉУБАМ ДА ВЕСЛАМ :((
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 25, 2012 7:59 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
AFERIM -AFERIM--- DARE TAKA SE ZIVEE
bravo bato

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: НОГУ ЉУБАМ ДА ВЕСЛАМ :((
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 25, 2012 9:48 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Како и да е убаво сте поминале со рибите мислам,а сте имале и занимација цел ден.Што ако не се расипел моторот ке ви било досадно..цел ден само возење и вадење кленови... :mrgreen:

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 23 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum