Вчера направивме еден убав излет на Глобочица. Спаива, Ховитц и Тафтабит со екипата на Борис ја повлекоа
работата, но беа решени да одат на крап два дена, со преспивање Надела и Понеделник.
Јас не бев во можност да истерам два дена и единствена варијанта беше да одам со своја кола,
па во договор со Кирца и со Емил Матоски (кого го запознав преку форумов) решивме да направиме еднодневен риболов со влечење на Глобочица.
Му благодарам на Емил што ни го организираше најважниот дел од риболовот.
Обезбеди прекрасно широко убаво Струшко кајче (Струшко е за инает на Охриѓани
)
мотор, како и информации за езерото. Без него ништо немаше да биде од риболовов, се покажа како
одличен домакин и многу му благодарам за тоа. Го знае езерото, кој дел која длабочина има, каде има реси, каде има гранки така да немавме многу закачувања на воблери а и малкуте воблери што закачија успевавме да ги спасиме. Се спасивме од Црнецот, во ден кога активноста на рибата беше многу мала, скоро никаква!
Кленот беше длабоко на деситина метри и најверојатно се храни со ситна риба со која езерото изобилува.
Нејкеше ни да ги погледне воблерите со стандардни димензии 4 - 5 см, единствено удираше на Струшки
блинкер и мали воблерчиња од 3см кои требаше да се спуштат на таа длабочина со помош на оловно отежнување.
Уловивме само еден поголем клен од окулу 1 кг, повејкето беа окулу 300 -400 гр.
Слики за жал немам, немав апарат со мене.