Почна и мојот одмор.Најпрвин Пелистер,Охрид и понекој ден во Грција.
Кога веќе бев во Битола се одлучив да посетам некој од пастрмските реки од тие краишта.Се јавив кај Спиро-Јас и тој ми даде такви инструкции за терени какви што не можев ни да замислам.Дилемата беше која од реките е понеопустошена.
Се одлучив за Коњарка со оглед дека до неа се стига најлесно.Имав поголеми очекувања во поглед на големината и живописноста на реката.Кога стигнав на местото видов дека водата беше малку матна и полна со лисја и гранки.Сретнав еден кравар и со него почнав да разговарав за околните реки и терени.Краварот ми рече дека и он оди на риба ,ама на Црна река.Додека разговарав со него дојдоа уште двајца дечки од правец на Коњарка.Носеа мрежа во рака а краварот ми вика -СО МЕНЕ СЕ.
Значи додека "господата " си ги пасат кравите за да не се досадуваат си фрлаат мрежи
. Ете како она фаќа риба на Црна река.
Распакував опремата и тргнав нагоре по реката.Во едно плитко вирче видов мали пастрмчиња и тоа ме израдува.За жал нешто подоцна разбрав дека се СИРАЧИЊА.
Поминав 1 км и не фатив ни една риба.Ај што не фатив ама не ни видов .Ок,ок не се правдам за мојот неуспех
.Имаше и многу бујна вегетација а и закачалки во вировите.Не е некоја река на која мушичарите би уживале.А и мувите ме убиа.Во нос и во око ми влагаа.
Еве нешто слики
Еве траги од "риболовците"
Траги од мариовска цивилизација
Еве како изгледа Црна река откако Драгор-о ќе влезе во неа.
Е сега колку да не одам кај црнецот јас си фатив едно рипче
.