Натпреварот и официјално е објавен на сајтот на Суки лејк
http://www.sukicarp.com/forum/index.php?
Во дополнителна консултација со Пламен се договоривме надпреварот да започне во Петок во 10,30 а да заврши во Недела во 10,30 за да има доволно време после тоа гостите да се одморат , да се почастиме малку.
За зборно место најдобро и за Македонските и за Србските екипи е на паркингот во Бриколаж кој се наоѓа на раскрсницата од обиколниот пат.
Колегите од Србија со самиот влез во градот на првите семафори на обиколното Бриколаж им се паѓа од десната страна.
Еќипите од Македонија треба кога ќе пристигнат во перник и дојдат на новиот кружен тек да тргнат по новата магистрала за Софија.
Ако некој не патувал еве појаснување, кога ќе навлезете на кружниот ток првата обвивка е за Благоевград , на втората пишува Софија Јужна тангента , тое е стариот влез кон Софија , го игнорирате и се исклучувате на третата одбивка во десно.
За десет минути сте во Софија , внимавајте на влезот има знак десно Софија, игнорирајте го и возете само право.
На втората раскрсница ке го видите Бриколаж во десно , на семафорите вртите десно , на следниот одново десно и на 20 метра е влезот на големиот паркинг.
Убаво е таму да се собереме во 8 сабајле(рачунајте еден час временска разлика) и од таму имаме еден час пат до езерото.
Ако има некои прашања ви стојам на располагање.
Еве ги и пехарите кои ги одбрав и утре одам да ги нарачам