Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON |
застранувате со темата
За конкретниот случај, Бојчевски Ви кажа што треба да се направи, сепак си има правила и закони, добро е он да објасни во една посебна тема, што можеме да направиме со вакви фотографии и која е процедурата, се знае дека треба да тргне со пријава, таа пријава ја процесуираат институции и на суд инспекторот, или било кој неможе да рече “абе сликата ја видов на форум на Рибар“, па така ја поведов постапката. Сликата со пријава мора да ја поднесе тој што ја сликал, и ако треба и да сведочи. Јас да сум би ја терал работата, не мислам дека тоа е ставање глава во торба и мислам дека треба да бидеме се похрабри
Ионака избегавме од темата ќе се дрзнам да напишам и јас нешто во врска со претходните постови, а се надевам дека модераторите во пакет повеќе постови ќе ги префрлат во соодветна тема.
Најголемиот проблем е да се обезбедат сведоци.
Сите ние сакаме да има ред на нашите води, но најдобро е некој друг да го создаде редот.
Концесионери на нашите води се пред и се ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ. Риболовците често знаат да кажат: па таа и таа вода има концесионер и тој треба да се мисли како да го реши проблемот. А кој е концесионерот? Пак тоа сме ние риболовците, не се тоа некои други. Како викаат - „каков народ, таква власт“ или во превод „какви риболовци, такви концесионери“.Ова значи дека се здружуваат граѓаните за да ги чуваат и порибуваат водите во МК. Ова пак значи дека секој еден од нас што сака ред на вода треба да допринесе за истото, а не да се трга по страна и само да бара некој друг да го реши проблемот. Така би било најдобро, ама што да правиме кога не живееме во такви услови.
Јас како претставник на концесионер, откако сум на таа позиција, си создадов многу непријатели и уште повеќе пријатели. Ако размислам подобро тогаш ќе испадне дека непријателите се луѓе кои и не заслужуваат да бидат мои пријатели, па и не гледам тука некоја голема штета.
Борбата со рибокрадството дава жртви, тоа е факт. Не зборувам овде за човечки жртви туку за матерјални жртви како дупнати чамци, гуми, оштетени коли и сл. За оваа матерјална штета секој сам си сноси одговорност. Јас како претставник на концесионер немам плата за таа моја работа, ниту билокаков хонорар, или пак одобрување за санирање на евентуална штета на мој личен имот. Јас таа работа ја вршам како љубител на природата и риболовот. Јас за борбата со рибокрадството сам си ја плаќам цената. Ако може да трошам пари за риболов, што ми претставува задоволство, тогаш можам истотака да трошам од сопствениот буџет и за борба со рибокрадството, па и тоа ми претставува задоволство исто како и риболовот - знам дека со тоа правам чекор повеќе кон подобрување на состојбите со рибниот фонд во МК.
Овде пишувам јас, јас, јас .... Не се работ за тоа дека сакам да се самоафирмирам, туку се работи за тоа да ја претставам реалната ситуација гледана од страна на концесионерите. Во тоа ЈАС сакам да се пронајде и некој друг со што нашата борба би добила на значење.
Како да ги намалиме штетите од борбата со рибокрадството и да ја направиме таа борба поуспешна?
Доколку човек од Струга сведочи против свој сограѓанин за сторено рибокрадство, тогаш ќе го навлече гневот на тој човек и голема е веројатноста за освета.
Доколку човек од Скопје сведочи против рибокрадец од Струга или Охрид, минимални се шансите за освета.
Размислете за ова.
Ако, пак ќе кажам, јас имам храброст да излезам на суд со мој сограѓанин, тогаш зошто би било проблем да сведочам за некој од Гевгелија, на пример.
Овој мој пост не се однесува да критикувам некого. Секој сам си знае што треба и што може да направи. Истото се однесува и за секој риболовец дали ќе ја пушти или ќе ја земе рибата што ја фатил. Тоа не се прави за некој друг да рече браво или за да се слика и да објавува по форуми и сајтови како пушта риба, тоа се прави за себе, за сопствено задоволство, за сопствената иднина. Секој нека тргне од себе и од сопствените постапки и работите ќе се подобрат барем малку. Ако ги гледаме оние што сакаат се да уништат и со тоа се демотивираме, тогаш работите уште повеќе ќе се влошат.