Ќе се надоврзам нешто во стилот за Бојникот ,бев на 12.01.2013 по риба кај с.Кочилари кај паднатиот мост до пумпите,од сабајлето имав еден удар и реализиран со 600г Бојник и тоа беше цел ден и од другата страна имаше 4-ца рибари и они со по еден реализиран удар и тоа од сабајлето.Меѓутоа во контекст на темата ,ако можеш дај ми некое мислење .......бојникот беше тука цело време,рипаше како луда,пред пловакот ,после пловакот,во средина,по крај секаде.....одамна немам видено на таа локација толку да рипа риба......целта на муабетот ....ЗАШТО НЕ ЈАДЕШЕ ???
Нормално секогаш во врска со рибата постои она ЗАШТО....Поздрав и Бистро
Долги низ години наназад овој период до пред мрест знае да се гледа големо групирање на риба,
но на јадица да заврши многу малце или ич. Како прво мислам дека проблемот е во многу честите
промени на
pH факторот на водата (киселоста на водата). Имено познато е дека на снегоива вода
(кога интензивно се топат снеговите) риба нејаде. Сега немаме интензивно топење на снеговите
но ке заврне (го топи снегот), ке скокне температура, ке залади и
pH факторот нонстоп варира.
Како фторо мое размислување е дека, ако сте ловеле на потегот на кој мислам, и не е чудо да не
ви јаде риба. На тој терен знае да зимува и доста СОМ. Како оваа година не му е премногу ладна
водата можно е да тој е активен (подобро речено поактивен него што би требало да е во ова доба
на годината) и ја плаши рибата. Ова ти го кажувам од лично искуство. Не јас но имам гледано
како се вадат неколку сома од околу 4 -7 kg на оваква зима на исто место. А лично имам еден
држено на јадица незнаејки што држам (мислев гранка додека истата не појде уз вода и не тргна
на другиот брег. Исто во еден вир каде имавме утепувано попадика пред мене се преврте еден од
околу 15 kg.
Сево ова не мора да е точно. Можеби едноставно не сте му го погодиле мамецот во тој миг . .