Малку поинаква репортажа од тоа што сте навикнати меѓутоа мислам дека вреди да се направи.
Викендот од 10 Август па се до 12 бев на тренинзи во Националниот Парк - Дурмитор - Црна Гора на ултрамаратонот од 40 километри. Она што можев таму да го видам и сликам се едно од поубавите места на кои што сум бил досега.
Местото изобилува со природни богатства и спаѓа едно од најдобрите туристички места во ЦГ во планинскиот туризам.
Влезот во НП Дурмитор е 2 евра по човек. Има преку 7 езера ама не успеав да ги забележам сите затоа што не поминав толку близу. Риболовот генерално е забранет меѓутоа колку што можев да добијам информација може да се издаде дозвола да се лови. На некои езера, особено црно езеро е преполно со пастрмки, дури можев со око да ги видам на површина во ладната вода. На останатите езера има и крап ама многу поретко затоа што условите се перфектни за пастрмка и само со тоа се порибува.
Еве неколку фотографии па кој го води патот натака према Жабљак слободно може да појде и да ги посети, ќе биде фасциниран од природата и водата.
Црно езеро.
Пристапот е директен, со кола по асфалт до само езеро. На остантите е потребно пешачење.
Eзеро Змиње, на 20 минути пешачење, или 5 мин трчање
Eзеро Јаблан
Црно езеро и Змиње од високо, како што се движев така и ги сликав.
И најубавото за крај, Шкрчко езеро!
и помалото братче
Moрам да го споделам затоа што е еден од најмаркантните врвови на балканов, Боботов Кук :
Секако и екипата КМУТ без која не можеше да се започне ова патување.
Тоа е тоа, риба нема ама мислам дека езерава ги запознавте подобро и дека ги освеживте очите повеќе од вообичаеното.
Спортски поздрав!