Риба, суштество кое живее во вода а помислата на него ни го забрзува работењето на срцето. Ни го крева нивото на адреналинот во крвта кога ке ја осетиме закачена на јадица. Суштество кое не прави зависници од излегување во природа и е причина за многу потрошени пари и време. Причина за оштетени нови коли, фамилијарни караници, настинки и изгореници ...
За многумина од нас и самото излегување на вода е сосема доволно, но задоволството да биде потполно потребно е да се фати и риба. За успешен риболов потребна е активна риба, а активноста на рибата е директно поврзано со годишното време и надворешната температура, јачина и насока на дување на ветер, времето од денот, количеството на врнежи, водостојот на водата и нејзината бистрина... И доаѓаме до можеби едно од нај поставуванито прашање кое сме си го поставувале сами на себе или сме дискутирале на оваа тема со колегите рибари:
КОГА да се оди на РИБА ???
Со проучување на навиките на одредени видови на риба, со одбирање на техника на ловење и мамки, со правилно одбирање на време за риболов овие фактори релативно лесно може да ги надминеме и имаме колку толку успешен риболов. Но не е се толку едноставно. Ни се случувало, на неколку дневен риболов, или минатиот и овој викенд, на исто локација и без било какви промени вчера односно минатиот викенд рибата работеше како луда а сега ни да пипне. Нигде не грешиме НО има нешто!
Што ми ја мати ВОДАТА? Што ми го мати УМОТ?
Со долготрајно набљудување и искуство, а нарочно со искуство на стари професионални рибари, дојдено е до заклучок дека освен овие видливи фактори мора да постојат и некои невидливи, необјасниви, фактори кои влијаат на активноста на рибата.
Воздушен (барометарски) притисок. Што воздушниот притисок, па рибата живее во вода. Но познавајки ја анатомијата на рибата (а и непознавајки ја, а секој рибар барем еднаш во живот чистел риба) секоја риба има рибен меур. Со што е исполнет овој меур него со воздух. Е овој рибен меур е најпрецизниот барометар. И најмалото колебање на надворешниот воздушен притисок рибата го чувствува и реагира на него. Со долготрајно набљудување е дојдено до следните заклучоци:
- - Воздушниот притисок е во благ пораст – очекувајте добар успех во риболовот
- Воздушниот притисок е висок и е стабилен – очекувајте осреден успех во риболовот
- Воздушниот притисок е низок и е стабилен – очекувајте осреден успех во риболовот
- Воздушниот притисок е во опаѓање – очекувајте лош успех во риболовот
Значи, ако воздушниот притисок е висок, рибата работи без обзир кој ветер да дува. Опаѓањето на воздушниот притисок ја намалува активноста, апетитот кај рибата. Стабилноста на воздушниот притисок по благо покачување е поповолен за рибата одколку стабилност на притисокот по опаѓањето. Овие мислења ги има надополнето и еден од светските ихтиолози, Декантел, така што тврди дека рибата работи и кога воздушниот притисок опаѓа а надворешната температура расте. И од овие правила постои одстапување а тоa е, ден пред промена на времето, атмосверскиот притисок иако опаѓа рибата е мошне активна.
Во денешно време не e проблем да се дојде до мал и лесно пренослив барометар. Го има вградено во дигитални часовници, ваги за мерење, телефони, сонари, GPS уреди, а и интернетот е достапен скоро секаде. Но ако немате ништо од ова погледнете ги лисјата на околните дрва. Ако се гледа долната страна на лисјата и ако се свртени кон ветерот воздушниот притисок опаѓа. Ако листовите стојат нормално во однос на гранките воздушниот притисок расте.
За пратење на временската состојба јас лично користам повеќе интернет страни:
http://macedonian.wunderground.com/cgi- ... +Macedonia
Страница на која може да се види моменталната метеоролошка состојба и ги дава сите податоци но само за Скопје – Аеродром Петровец. Страницата со нови податоци се ажурира на секои 30 минути.
http://www.weather2umbrella.com/
Страница за седумдневна временска прогноза со графички приказ на повеќе математички метеоролошки модули. Дава прогноза за сите македонски градови. Се ажурира еднаш дневно.
http://meteo.gov.mk/
Управа за Хидро-Метеоролошки Работи на РМ. Страницата би требало да биде јавен сервис на граѓаните но, многу податоци на оваа страна се или недостапни или е многу тешко да се дојде до нив. Нај интересно е што дава хидролошки податоци за сите реки во Македонија, но поголемиот дел од автоматските мерни станици не работат.
ПОСТАНОК на една Теорија
Џон Олден Најт ловел на некое езеро на Флорида во февруари 1926 година, следејки ги советите и упатствата добиени од еден искусен чувар-водич. “
Месечината мора да биде горе (полнa) или доле (младa), односно во насоката на должината на езерото ако сакаме добар улов”. Советите излегле корисни, но приказната овдека тек започнува како и понатамошните испитувања. Почнал ова правило да го применува на некои северни води во Америка, но не можел да се пофали со некој посебен успех. Причината ја наоѓал во другите фактори: температура, ветер, воздушен притисок, сезона, врнежи ...
По подолго проучување доаѓа до заклучок дека од голема важност за риболовот се односот Сонце-Месечина, прилив-одлив.
Но како овие фактори влијаат на слатководните риби и каква врска имаат приливот и одливот врз нив. Најт објаснувањето го наоѓа во однесувањето на морските црви во аквариумот во Њујорк. На копно далеку од море, во време на одлив, морските црви ги затварале капаците на своите дупки. Исто така, интересно е однесувањето на школките, чувани во темни подруми, кои почнувале фосфоресто да светат по заоѓањето на Сонцето. Како би докажал дека овие фактори влијаат на активноста на слатководните риби, Најт изработил табели за риболов кои се покажале точни и риболовот спрема нив бил успешен.
“
Привлекувањето од Сонцето и Месечината, кое може да се засилува кон Земјата, ако Сонцето и Месечината се во иста насока, или да се намалува ако е Сонцето од една, а Месечината на друга страна на Земјата, се фактори кои рибата ја потикнуваат да се храни и лови. Таа активност е најјака во моментот на најсилната привлечност, а се вика Солунарен Период”. - Џон Олден Најт
Кога Сонцето и Месечината ке се сретнат по должина на меридијанот на некоја земјина точка настанува сулунарен период за таа земјина точка. Ова се случува четри пати во текот на денот. Два максимални периоди - со силна активност на рибите и два минимални периоди - со слаба активност. Два максимални и два минимални периоди иако знаеме дека Сонцето и Месечината поминуваат само еднаш во текот на денот. Причината е што приливот и одливот се случуваат истовремено но од двете спротивни страни на земјината топка. Солунарните табели не го означуваат времето на прилив и одлив, кои инаку каснат бидејки им требе време да се подвижи водената маса, туку време кога Сонцето и Месечината поминуваат низ ист меридијан на што рибите веднаш реагираат.
Спознавајки ја важноста на гравитационото влијание на однесувањето на рибите, Најт почнал да испитува колкава е таа привлечна сила. Денес се знае дека и Земјата има свој прилив и одлив, кои исто така двапати дневно ја издолжуваат земјината кора од 60 до 180cm.
Правени се и експерименти со рипчиња изведени и одгледани во аквариуми. По пуштањето во природа веднаш барале засолниште, но по кусо време, во моментот на солунарниот период, излегувале и поаѓале во потрага по храна. Ги занемарувале навиките и ритамот на хранење кој го имале предходно во аквариумските услови. Испитувањата имаат покажано и дека разни видови мушички се изведуваат токму во солунарниот период, а ретко вон него.
Најтовата, солунарната теорија во прво време била тешко прифатена дури и од страна на неговите пријатели. Еден клупски пријател му го има кажано и следново: “
Идејава е потполно луда и јас ни во еден збор не верувам ... но таа проклета работа сепак функционира”.
Французинот Пјер Барбелион е прв научник кој вршел експерименти базирани на Најтовата солунарна теорија. Ја поставил основата на солунарниот календар кој прецизно покажува како месечевите мени влијаат на успешен риболов. Според Барбелион најдобрите резултати се во времето на првата четврт, Млада Месечина, а најлоши за време на Полна Месечина.
Месечеви Мени и Време за Риболов
Млада Месечина
Темната страна на Месечината е свртене кон Земјата и затоа не ја гледаме. Најдобро време за риболов првиот ден е до 9 часот, вториот ден до 8 часот, третиот ден до 13 часот, четвртиот и петиот ден до 16 часот, а шестиот и седмиот ден помеѓу 9 и 16 часот.
Прва четвртина
Десната четвртина од Месечината е директно осветлена со сончевите зраци и осветлениот дел се зголемува. Првиот ден добро наутро а подносливо попладне. Вториот ден добро наутро. Третиот, четвртиот и петиот подносливо преку целиот ден. Шестиот ден најдобро до 13 часот. Седмиот добро цел ден.
Полна Месечина
Осветлената страна на Месечината е свртена кон Земјата и директно е осветлена од сончевите зраци. Првиот ден подносливо. Вториот ден лошо. Третиот ден многу лошо. Четвртиот ден многу добро. Петиот ден добро наутро. Шестиот ден добро само рано наутро. Седмиот ден добро само до попладне.
Последна четвртина
Левата четвртина од Месечината е осветлена со сончевите зраци и осветлениот дел се намалува. Првиот ден е добро по 12 часот. Вториот ден многу добро попладне. Третиот ден добро по 15 часот. Четвртиот ден подносливо по 17 часот. Петиот ден добро попладне. Шестиот и седмиот ден многу добро попладне.
РИБАРСКИ КАЛЕНДАР
Солунарните табели, календар, во денешно време се мошне ценети, како меѓу почетниците така и меѓу искусните риболовци. Денеска изработката на Солунарниот Календар е многу упростена. Постојат многу апкликации за виндовс и андроид основа. Постојат и сајтови кои даваат но и изработуваат мошне прецизни календари. Потребно е само да ја внесете географска локација и за кусо време го имате календарот за вашето фаворизирано риболовн место.
За грубо одбирање на време за риболов (всушност кога го планирам годишниот одмор) и пратењето на фазите на Месечината се користам со виндовс апликацијата Moonphase. Можете бесплатно да ја симнете од
http://www.tingan.com/.
За прецизна изработка на Солунарен календар, јас лично ја користам оваа веб страница -
http://www.huntfishsport.com/web.aspx?cmd=calendar. Потребно е да се логирате (едноставно и бесплатно). Ако не ја знаете вашата точна географска локација имате на избор и можност за визуелено пронаоѓање на местото со користење на карта.
За новите андроид телефони (на галење) фаворизирана е апликацијата Fishing Calendar.
СЕГА повеке нема УТКА !!!
Сите овие видливи и невидливи фактори кои влијаат на рибата сепак не се доволни да се испланира риболов кој со сигурност ке ветува потполно задоволство. Мислам дека сепак би требале да посветиме внимание на навиките на фаворизираните видови риби и како тие реагираат на одредените фактори. Само со подолготрајно набљудување, следење на постигнатите резултати и споредувајки ги со одредените фактори ке дојдеме до одговорот на прашањето
КОГА да се оди на РИБА ???
Водете дневник за секое излегување на риба со што е можно повеќе податоци. Не заборавајте дека ниеден фактор сам за себе не значи ничто.