После 2 сесии на спин каде исчашив рамо од фрлање и акање по карпи каде 2-пати ке изгинев, ми умре желбата
да фатам риба на море. Така вториот пат сопствениците на куќата кои беа екстремно фини и најдобри луѓе
што ги познавам од грција ме поканија на риболов кој беше доста конвенционален но доста ефикасен.
Едно утро се враќам со спинот потиштен и разочаран.
Човекот ми се изнасмеа и ме покани со син му да одиме на риболов со макара.
Нормално се согласив и првата недела која идеше за 2 дена тргнав со нив.
Бев доста возбуден, ми рекоа дека може да доживеам морска болест и да си земам само вода.
Така и беше...во чамецот рано и цепање на 3-4 км од брег на длабочина од 100-тина метри.
Почна да ми иде лошо, но се воздржав и ми помина па среќен таков се фикнав на ловење.
Принципот доста едноставен, но сепак бараше доста спретни раце и никако мрдање со нозе.
Едно мрдање со нозе и уплетка конец од 100м., па после оди отплеткај се.
Мора да напоменам дека е и доста напорно, цело време влечеш нагоре додека за спуштање
мора рацете да се во паралелна положба за да не дојде пак до плеткање.
Се состоше од монофил доста дебел 50-ка (околу).
3 јадици 6-ки, и олово околу 100-120гр.
Ловевме на ракчиња.
Спушташ оловото и го чекаш да падне на дно.
Штом се спушти, затегаш со прстот и чекаш удар.
Попушташ цело време за да оловот остане долу. Сепак чмецот не е инертен и мораш да калибрираш.
Еве некоја слика и видео...
Сепак фино искуство и начин на риболов кој можеби никогаш немаше да го применам.
Сликите и видеата се од телефон (извинување апартот ми го запленија жени и неможев сабајлето да го најдам).
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 18 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум