Бев со намера да одам на езерото Рек но кога стигнав на мостот на Црна ај си викам да ја ѕирнам реката каква е ,дали е со "пријатен" мирис и колку има вода застанав на мостот и пријатно бев изненаден ,нивото стандардно за овој период и без никакви непријатни мириси , правец кон манастирот прСв. Богородица да видам какво е местенцето каде најчесто се лови крап, и уште едно пријатно изненадување и причина плус да останам тука , некој го разгазил местото и ги исекол шамаците.
На реката нема никој , додека се растоварав и ги врзував прачките веќе се раздени , ги фрлив прачките со прихрана залепена на оловата која претходно ја имав спремено со намера да ловам карас на метод фидер на ез. Рек , на првата цук анис ,втората дипуван цук(мед + арома лешник)и третата крупна црвена пченка од марош(риба јагода), се е спремно се чека само удар.
За да не ми е досадно пофрлав малку на тапа но безуспешно па се префлив малку на спининг , фрлав со некоја мала дамова кашика од 6гр. и ми удираа мали штуки, а едни дечки што си ловеа караси ми викаат аман бе друже не ги враќај ни ги јадат карасите
. Сменав на воблерче кое знам само дека е од фишерман мк и извадив неколку кленчиња од по околу 200-300 гр.Покасно се префрлив пак на тапа и со малку прихранување излегуваа убави караси.
Околу 8:00h префрлување ииии интересното , само што ја фрлив првата прачка , буквално само што удри оловото во вода , рааанн , прво помислив да не направив јас нешто но го гледам конецот пичи низводно , ја оставам брзо прачката што ја префрлував на род под и контра на другата , успеав да го задржам да не влези во шамаците од другата страна , направи 3-4 круга угоре удолу и се предаде ова прекрасно речно дивјаче
Додека траеше борбата очекував дека ќе биди поголем но тоа е така затоа што долго време не сум уловил речен крап па сум подзаборавил колку се борбени.
Крапчето беше околу 2 кг но јас сум задоволен и покрај се што се случува со реката , загадување , криволов во сите можни облици ,пак можи да се направи интересен риболов. Не направив повеќе слики затоа што тел. ми се испразни од зборање дури и за малку ќе требаше да одам на работа и тоа пред да ми удри крапчето, затоа телефоните се оставаат дома а на риби се носи апарат за сликање, ум за другпат!
поздрав