а има ли некој податоци за ова езеро
-колкава максимална длабина ке има ?
-колку ке биде долго од брана до влив ?
*Извор:
http://www.jasen.com.mk/default.aspx?id ... a88f753e07
Рафтинг регати и спортови на вода
Реката Треска има композитна долина, односно нејзината долина е изградена во котлини и клисури кои наизменично се сменуваат. На влезот пред Скопската Котлина реката Треска своето корито го има всечено во Шишевската клисура. Оваа клисура се карактеризира со стрмни страни, тесно речно корито и брз речен тек на Треска. Со изградба на вештачките акумулации Света Петка и Матка речниот тек на река Треска е заезерен и брзите води се претворени во мирни. Сепак на потегот од браната на ХЕЦ Козјак до почетокот на заезерувањето на ХЕЦ Света Петка, реката Треска го има задржано својот кањонски карактер. Овој простор, со должина од 1 км, е идеален за адаптација на рафтинр-патека, односно патека за кајак на брзи води. Ваква патека може да се адаптира и на потегот од браната Света Петка до спелеолошко-алпинистичкиот центар, односно до заезерувањето на езерото Матка, во должина од 8 км.
На целата должина од двете вештачки акумулации Света Петка и Матка постојат услови за регата, односно патека за кајак на мирни води. Должината на патеката за кајак на мирни води на езерото Света Петка може да се адаптира во должина од 3 км, додека должината на патеката за кајак на мирни води на езерото Матка може да се адаптира во должина од 7 км .
*Извор:
http://www.utrinski.com.mk/default.asp? ... 42283368BB
Браната на новата хидроелектрана е лачна, со двојна закривеност и изработена без арматура со посебен бетон кој не создава пукнатини и е отпорен на мрзнење. Нејзината висина изнесува 69 метри со должина на круната од 118 метри, а нивото на круната е на 364 метри надморска височина. Направена е од бетонски блокови од кои подложните се со ширина од 10 метри, а завршните се широки два метра. Во неа се вградени 29.000 метри кубни бетон.
Со корисниот простор на акумулацијата долга 11 километри, ХЕЦ„ Св. Петка“ заедно со расположливиот корисен акумулациски простор од постојната акумулација Матка, треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од ХЕЦ „Козјак“, во согласност со потребите на останатите водокорисници низводно од ХЕЦ Матка (водоснабдувањето, наводнувањето, биолошкиот минимум и други потреби).
Ова отприлика нешто што најдов на нет, според Утрински должината ќе биде 11 км. а за длабочината според некои од параметрите, претпоставувам некаде околу 50 - 70 м.