Денеска требаше да одам на Подлес, но поради обврски се одложи одењето за некоја друга прилика. Се мислев помеѓу Треска и Лепенец. Ај си реков веке 11 часот е, при оваа жештина ке одам на Треска, поладно е во кањонот и нема да има луѓе. На жалост кога стигнав што ке видиш, коли и кампери колку сакаш. Вртат табла, пијат пиво, маси, столици , скари, ладење нозе во река и тоа по цело течение. Имаше и такви што се бањаа. Народ милион. Колата назад и на Лепенец.
Стигнав на местото кај што сакам да ловам, пред тунелот, па може нагоре, може и надоле, теренот за мушичарење е идеален. Јас пуштив колата по споредното патче, опремата на мене и отидов.
Реката бистра и мала, милина. Изборот на мушица во последно време ми се сведува на оние што се моја изработка. Се покажаа како добри. Повторен избор падна на истата од претходниот пат, малку променета, личи малку на едни полу комарци полу муви што ги има таму и знаат да остават пликови по сантим до сантим и половина кога ке те каснат. Опаш од фазан, тело хакел темно кафен, глава полу сунгераст материјал, и перла зелено жолта.
Со оглед на тоа дека отидов кога нејжешкото почнуваше, реката беше мала, сонце силно биеше и кленот денес јадеше ама баш црногорски. Најверојатно од жешкото и малото ниво на кислород. Толку млитаво немам видено да појде по мушица. Некој и се откажуваа од бркање. Клен како клен знае и на првиот допир на мушицата со вода да удри. 90% од ударите ги имав на возење, со мали потегнувања да изгледа како паднат инсект во вода со натопени крилја. Се на се убаво поминување и искочија 15-20 парчиња за 3 часа риболов. Не можев повеке да седам повеке сонцето утепуваше денес, и плус некои обрски имав. Искачаа мали и некој поголем. Немаше покрупни, зборам за над 400-500 грама, за таму тоа е и успех.
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
Shot at 2012-07-29
И после така убаво поминат ден, ке ти се најде некој да ти го одмили денот.
Shot at 2012-07-29
Колата ми ја обија, и украдени се звучниците од внатре, две елипси, кутии цигари и лименка ред бул. Во багажникот оставени беа комбилизон, уште една трска и патики. Тие не ги земале.
Дали дека убаво си поминав на река па не се изнервирав толку. Како и да е да ке се надокнади тоа, ама ете колку да не си раат.
Мислам дека повеке ке го памтам излетот него кражбата
Shot at 2012-07-29