Годишниот одмор си одмина а Јас ненајдов термин да направам еден посвесен риболов. А да бидам искрен и на овие големи горештини и не ми се излегуваше многу на вода.
Е сега бидејќи од Недела веќе сум на работа решивме со Станимир да направиме еден 24 часовен инстант риболов на Суки Лејк.
Така То заедно со синот Дидо беше вчера во 06 кај мен , натоваривме мојот багаж и се упативме кон езерцето. Непол саат патување и веќе сме на Суки , краток разговор со чуварот, плативме таксата и се упатуваме кон место број 1.
Имаше колеги на другите позиции и од прва информација разбравме дека рибата не е многу активна.
Не ме изнанади многу кога се има во предвид дека во раните саати повторно имаше серија од трусови , високите температури кои траат веќе незнам колку дена и тоа се допринесува за летаргичноста на рибата.
Сепак тоа не ни го расипува расположението , Ние сме непоправливи оптимисти па набрзина се подготвивме да започне нашиот риболов. Прихранивме добро , боили два три вида , направивме тактика да презентираме на шесте трски по нешто , зафрливме, си отворивме по едно пивце и малку се посонцавме.
Риби имаше , не толку како знае да дава во други периоди но Ние сме задоволни , се одморивме, релаксиравме, се видов со Пламен и поразговаравме околу натпреварот на Суки во Септември и денеска околу 10 си тргнавме.
Малку фотографии со краток коментар
Борбата е жестока
Исцрпувачка
Но резултатна
Татко и син со уловот
Бегај дома
И Јас со една рибка
Ајде и таа дома
Уште една
Вратена
Заслужен одмор
Ако нејаде крапот тука е карашот , само да има акција
Артилеријата
Подготовка
Суки Лејк ве очекува