РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
Откако пролетта се договоривме со Емил во прва прилика да ја посетиме Голема река (која припаѓа на “неговиот“ риболовен ревир Црн Дрим 1), дојде моментот да отидеме и да ја видиме реката што се улива во Глобочичко езеро пред браната. Со нас дојде и Џоле, другарот на Емил со фобија од мечки
Сабајлето рано, со некој чамец од теснецот се упативме кон Голема река, а по пат на сите страни скокаа риби и рибетини
Стигнавме на локацијата и свативме дека таму одамна нема стапнато човечка нога. Природа, дивина, се обраснато, како да се пробивавме низ прашума. Се приближивме некако до реката и најдовме некое старо патче до водата...
Веднаш почнавме да фрламе, ама рибчиња некако слабо
До кај 10 саат (од 5 сабајлето) ловевме на реката, и излегоа само 2 мали пастрмчиња на минијатурните воблери на Емил Нормално, веднаш беа пуштени назад
А реката беше бомбонче
На крај, на неколку метри од местото каде што јадевме, здогледавме релативно свеж измет од мечка, и решивме полека да се враќаме назад
Пак низ прашума, стигнавме едвај до чамецот, се изнапешачивме, и бидејќи имавме уште време, поминавме да наполниме вода кај с. Глобочица и почнавме да фрламе со воблери и кашики на местата каде што очекувавме дека ќе начекаме некој клен. Времето беше пеколно топло, а од рибата немаше абер. Можеби дополнителна причина беше и тоа што се бутавме по сенки за да не изгориме на сонцето и повеќе ни беше во памет сенката отколку рибата
На враќање, после бучалото, начекавме во едно заливче кленчиња. Имавме малку време, ама се изнафаќав ситни кленчиња на мушица и се спасив од црнецот кој ме чекаше во теснецот
Веќе кај 2 на пладне излеговме во теснецот, си попраивме муабет со Тасим кој беше симнат на крап, го провозевме да си фрли крма, и се мислевме и него да го фрлиме сосе крмата, ама разумот преовлада
Се на се поминавме убаво (дружбата), само реката не разочара бидејќи немаше поголеми пастрмчиња од 10-12 см, изгледа беа повлечени во езерото бидејќи водата беше мала...
Со Емил се договоривме да ја продолжиме дружбата на друга локација некој од наредните денови (следува друга репортажа)
Бистро
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
Super
Golemava reka i ne e nesto golema ama e interesna.Bravo za kompanjonot so voblerite.Jas imam dva komada i ne se osuduvam da gi zafrlam.Ne mi letaat povekje od 2 metra.A za ribite sigurno se vo ezeroto.Osetat li mala voda odma begaat.
Na videoto sto e ona vo poslednite sekundi?Skok na pastrmce ili gresam.
Bistro na slednata destinacija i edvaj cekam da procitam.
_________________ Podobro da si sam, otkolku da ne si so site
РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am МислењаCOLON9475
Na vremeto pred 10-15 godini taa reka izobiluvashe so pastrka i toa dosta solidni parcinja.Shteta shto ne ste otishle do vodenicata.Za zal imase edno cice koe ke ve ugostese so site saltanati,salata i rakija od domashno proizvodstvo kako i leb pod vrshnik(pocina lesna mu zemja)
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Филип НапишиCOLON
На крај, на неколку метри од местото каде што јадевме, здогледавме релативно свеж измет од мечка, и решивме полека да се враќаме назад
Можеби изметот беше од некоја птица, ама дивина и оддалеченоста од цивилизација не натераа да мислиме дека е измет од мечка и ...
Штета што не го фотографиравме и изметот, но моравме назад .
Филип од брзање за назад ја свитка и ногата, ама ништо страшно, тоа не беше причина да не брзаме за назад, а ногата почна да го боли кога стигнавме во чамецот
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 8 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум