www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 30, 2024 6:55 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS20»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Духовен развој на риболовецот
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 22, 2012 11:02 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
Колеги,оваа тема ја отварам,поради моменталната состојба во која се наоѓа риболовот и се што е поврзано со него.Се наоѓаме на најниско ниво на духовен развој,на првата развојна фаза,камен т.е. постоиме како предмети ама не сме заинтересирани за ништо што се случува во околина околу нас.Ова го закључив од нашиот однос кон природата и екологијата,тоа е мерилото на една држава во каков духовен развој се наоѓа,за жал република Македонија се уште е во првата фаза.
Риболовците, повеќето се во оваа фаза,замислете сега како ќе му објасните на овој риболовец дека постои река,во неа жив свет и дека треба тој жив свет да го заштитиме,бидејќи се стремиме да бидеме луѓе,никако, бидејќи неговата развојна фаза не ни го дозволува тоа.Значи риболвците во оваа фаза се заинтересирани само за уловот и ништо повеќе т.е. што повеќе риба да се излови,да се пофали со уловот,колку кг извадил т.е колку потепал и т.н.
Втората развојна фаза е растение,се сведува на вегетација,знаеме дека има живот но не преземаме ништо,т.е. не разменуваме мислења информации,се задржуваме за себе,ако ни е добро другите нека патат.
Третата фаза е животно,во оваа фаза спаѓаат сите мрежари,криволовци т.е. крвници во риболовот,гледаат да уништат што повеќе риба,фаќаат риба повеќе од нивните потреби,како волкот што дави повеќе од потребата,за жал во оваа група ќе се пронајдат и повеќе наши колеги кои се фалат со енормни улови со вреќи.
Четвртата фаза е човек,оваа фаза е најтешка,бидејќи за да се биде човек, треба да размислуваш малку пошироко од своите потреби,т.е. да се грижиш за природата што те опкружува,таа ни е дадена на чување,не е за една употреба,да ја уништиме со нашите постапки бидејќи многу генерации после нас треба да уживаат во неа.Секој риболовец нека се пронајде во која фаза се наоѓа и нека проба да ја надмине со својот однос кон природата.Да напоменам дека дијалогот помеѓу риболовци кои се во различна фаза на развој оди многу тешко бидејќи не се во состојба да те разберат ако си на повисок степен на развој,едноставно твоите зборови не допираат до нив,дури испаѓаш глупав,такви примери може да најдете во историјата безброј, а за жал и на форумов,затоа тука завршува дијалогот.Би ги поканил доколку се присутни на форумов,експертите од областа на екологија,рибарство да го дадат своето мислење за оваа тема,како да го подигнеме духовниот развој на еден Македонски риболовец а со тоа и на самата држава.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Духовен развој на риболовецот
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 22, 2012 4:24 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
еве една тема која ја отворил колегата сашо а во која е ставен ЕТИЧКИОТ КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА РИБОЛОВЕЦОТ.
:arrow: viewtopic.php?f=28&t=1322
мислам дека е поврзано со ова погоре напишано па кога веке ке отворите нее лошо да се прочитаат и двете

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Духовен развој на риболовецот
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 11:04 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Гоце поздрав и те подржувам во размислувањето, но мислам дека сеуште не сме на доволно висок ниво за да сватиме дека освен квантитет постои и КВАЛИТЕТ.

Да битен е квантитетот, да се фати што повеќе риба. Тоа е доказ за квалитетот на рибарот. Да се надмудри противникот. Натпреварувачки дух кој постои кај секој. Но го забораваме она главното. Колку риба и каква риба, а кога таа риба да ја понесеме со нас дома. Го забораваме она што уште нашите стари збореа

ПУШТИ РИПЧЕ ЗА ДА ФАТИШ КРАПЧЕ
(се чита вака: пушти денес за во иднина имаш што да фатиш и да се фалиш со добар капиталец)

Гоце ...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Духовен развој на риболовецот
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 11:17 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Одлична тема, поздрав до авторот, во целата таа аналогија и подбутнување на рибарите кон погорната фаза, според мене треба да се оди полека, смирено и без тензија, полека но сигурно да се шири кругот на свесни рибари, во спротивно ќе те сватат дека си им непријател и уште повеќе ќе се вкопаат во својата фаза


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Духовен развој на риболовецот
ТемаИспратеноCOLONСаб Jул 28, 2012 9:51 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
Колеги,преку мојот личен пример ќе ги објаснам фазите на развој на еден просечен риболовец.Во прва фаза камен,бев пред да започнам со риболовот и на самиот почеток,тогаш реката ја гледав како вода што протекува низ градот и ништо повеќе,за подоцна да сватам дека во неа има жив свет,дека постојат риби кои може само да се ловат,без да се води сметка за нивните потреби.Оваа фаза траеше долго време,со зголемување на нагонот по секоја цена да се улови риба,се што ќе се извади да се понесе дома.На првата фаза се надополнува втората растение,оваа фаза е иста со првата ,разликата е во тоа што се зголемува нагонот за улов на риба т.е. достигнува степен на зависност,оваа фаза кај мене траеше долго.Третата фаза е животно,оваа фаза е најопасна, нагонот толку се зголемува што почнуваме да личиме на животно т.е. се однесуваме кон рибата агресивно,гледаме да ја уловиме во што поголема количина,да ја потепаме,во овој период кога ќе уловиме енормна количина на риба,по завршување на рибарењето во нас се јавува една голема празнина,сакам да кажам додека рибариме во нас наместо смирение се јавува еден вид на агресивност која со завршување на риболовот прераснува во една духовна празнина.За среќа оваа фаза кај мене траеше краток период.Оваа фаза завршува со првата ослободена риба од моја страна,празнината се претвори во позитивно чувство кое може да се доживее само со ослободување на дел од уловот,се ослободуваме од празнината и агресивноста во риболовот.Тука започнува четвртата фаза човек, која е најтешка и нема крај,тука ги ставаме колегите фати пушти,вистинските екологисти и сите луѓе кои се грижат за природата,реките и живиот свет во нив,без да вршат улов на риба т.е.целосно ослободување на уловот.Јас се уште сум на почеток на четвртата фаза,дел од уловот задржувам,некогаш целосно го ослободувам,но се стремам кон повисоко ниво на совест или духовен развој.Ете колеги тоа се развојните фази преку мојот пример се надевам дека секој риболовец ќе се пронајде во која фаза се наоѓа и ќе вложи напор да се надмине себеси и да влезе во 4 фаза не губејќи години во пониските фази,секое добро и бистра вода за риболов.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Духовен развој на риболовецот
ТемаИспратеноCOLONСаб Jул 28, 2012 10:08 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Goce zaboravi edna mnogu bitna rabota vo cetvrtata faza.odnesuvanje kon prirodata i vodata.jas od doma si nosam vreki za gubre i sekogas go cistam mestoto shto pred mene go ostavile treta faza.znam luge koi od doma nosat i drva za skara.nikogas ne ja unistuvam prirodata so secenje drva.granki.cistenje na treva vo voda.prisposobi se prema mestoto ne mestoto da go prisposobis prema tebe.

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Духовен развој на риболовецот
ТемаИспратеноCOLONСаб Jул 28, 2012 12:52 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
добро си ги опишал степените на развој на риболовецот или како ги викаш фази
само каде да ги сместиме оние така да ги наречам
ПРАМАТАР - РИБОЛОВЕЦ -кој лови риба со цел да ја продаде и да извади некој ќар
јас мислам дека овие се најподмуклите и нај опасните во цел духовен развој што го опишуваш погоре
овие знаат да уништат риба повеке и од мрежарите и од харпунџиите а вака на прв поглед изгледаат како легални рекреативни риболовци

-има такви примери овде во битолско а вервам дека и сегде ги има

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Духовен развој на риболовецот
ТемаИспратеноCOLONСаб Jул 28, 2012 2:00 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON224
ЛокацијаCOLONСкопје
Јане,четвртата фаза е најголема,во неа се опфатени сите добрини што може и не може да ги замисли човекот,да се направат за природата.Човекот е создаден за правење на добрини од секаков вид,не е создаден да уништува околу себе.Секоја чест за вас,кои сте на повисоко ниво,кое го докажувате со ослободување на капитални примероци од риба,колку се рибите големи толку се и срцата ваши кога ги ослободувате,секоја чест длабок поклон,блиску сте до просветлувањето,кое е многу далеку за некој поединци колеги.Спиро запраша во која фаза се рибарите кои ловат за продавање на рибата,Спиро тие секако спаѓаат во трета фаза животно,бидејќи ја ништат рибата, не за да се прехранат туку материјално да се обезбедат,дури прават и куќи со парите.Со ништење на рибата за стекнување на материјална корист на своите плеќи си товарат таков товар што не би сакал да сум на нивно место,духовно се празни,агресивноста е нивна карактеристика,алкохолот им е придружник ,се приближуваат повеќе до животното,личат физички на луѓе а внатре се празни исполнети со црнила.Карактеристично за нив е спечалена болест од алчното однесување кон рибата,овие луѓе (не луѓе)нема да го најдат мирот во овој земен живот се додека не се променат духовно,меѓутоа кај овие не луѓе промената оди многу тешко,едноставно останати се во фаза на животно и точка.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Духовен развој на риболовецот
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 29, 2012 2:27 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Da ve prasam nesto dali vie nekogast ste se prasale zosto tie ribata ja prodavaat ? Mozebi od toa sto se vo tolku losha finansijska sostojba (nemaat rabota ili rabota so nedovolna plata) pa moraat da se snaogaat luget.Jas iskreno ke vi kazam nedajboze vo idnina mojata familija vo takva sostojba e nema mnogu da gledam za ribite kolku sto ke gledam da obezbedam krov nad glava i finansijska sigurnost na familijata.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Духовен развој на риболовецот
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 29, 2012 2:31 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 30, 2012 7:40 pm
МислењаCOLON583
ЛокацијаCOLONСкопје
LELEEEEEE sto napisaaaa....gotov si,ke te izedat ziv sega :lol: :lol: :lol: :lol:

_________________
[ img ]
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS20»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 5 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum