Премногу моабети, шушкања, подметнувања, поделби...Јане на неколку пати пробува да ја одбрани својата генерација крапџии, ама Јане.... тоа не се брани бре......се почесто вашата величина, дружби и успеси се покрива со сенката на моабети, шушкања, подметнувања, поделби.....тоа наидува на презир кај помладите крапџии, луѓето се чудат зошто е тоа така и неможат да си објаснат......овој се такмичел, па отишол во странство и не се такмичел, сега не е во тренд со работите, везе нема.......овој оди по цел град збори за мене.....овој лажел дека ова било вака, или она било онака.......ја го учев да врзува јадички.......ја го учев да прави бојли, сега он ќе кажува......оној продава риба, ......овој краде крапови...., оној правел вакви дубари на такмичењата, оној правел онакви.......оној лаже дека фрлал толку, а уствари фрлал онолку......оној направил ваква глупост на светско, другиот направил онаква......оној ги лаже младите со бојлите, другиот со советите, третиот со аромата, четвртиот со родпотовите
ваквите моабети се дегутантни, а цело време се пуштаат спорадично и унакрс помеѓу постарите крапџии, не од сите, секоја чест за тие што не прават такви моабети, има и такви, ама мнозинството го потиснува малцинството,....се создава слика за целата генерација......тоа е голема штета, луѓето не сакаат да го слушаат тоа, тоа покажува колку сте неединствени, имате милијарда убави приказни кои зборуваат за убави дружби, хармонија и соработка помеѓу вас (ми текна на онаа приказната за некое такмичење на Гогомонд, кога незнам кој во шатор се дружел со некоја добра цуца, а напоредно му мавале крапови и искачал да ги вади пиштол-гол), тоа е позитивно, тоа е убавина, тоа ширете го, почитувајте се меѓусебно, ќе Ве почитуваат и другите, ќе се најде заеднички јазик и со МРФ и со секој, јас сум оптимист
|