Јас за себе можам да кажам дека сум непоправлив антиспортист и не се срамам од тоа. Никогаш во животот не сум сакал да се натпреварувам со никого. Никогаш сум го немал натпреварувачкиот дух во мене, она што би ме натерало да бидам подобар од другиот. Можеби затоа и го одбрав риболовот како мое ХОБИ и РЕКРЕАЦИЈА, а не како спорт.
Во последно време, како претседател на ЗРСК Пастрмка - Струга, се среќавам со некои проблеми кои се поврзани со организирање на спортски натпревари и, сакал или не, морам да работам на истите или барем да сум во тек со проблематиката.
Замислете, недај боже, на некој во текот на натпреварот или дружењето, сеедно, ако му се случи нешто ( повреда, смрт ). Кој ќе биде одговорен ако не е се регуларно? Организаторот нормално.
Организаторот ќе каже дека било дружење. Јас колку што знам секое помасовно собирање на луѓе мора да се пријави во полиција, болница и т.н. Добро, дружење, ама како тоа се дружите и со тоа го кршите законот? Риболовите на вода што нема концесија, или пак риболовите на вода што има концесија, а не поседувате риболовни дозволи (сите овде мислам дека знаеме што вика законот и за двата случаи). За какво дружење станува збор овде?
Организаторот ќе каже дека има натпревар. Е тука веќе има правила. Правилата се со закон пропишани и тука нема отстапки. Ако не се постапило по правилата тогаш не сакам ни да помислам какви последици би произлегле за организаторот. Доколку се постапело по правилата нема да има место за проблем. А правилата мислам дека може секое посериозно здружение да ги исполни, нормално ако нема предрасуди од типот „кој се тие мене да ми кажат како треба, јас знам најдобро“.
Е сега доколку сметаме дека правилата не се во ред јас во потполност би се сложил со Борис. Мора прво да работиме на планот да ги смениме тие правила, а до тогаш мора да се почитуваат постоечките. Во спротивно ... лошо ни се пишува.
Најлошиот закон (читај правило) е подобар од тоа да нема Закон ( пак читај правило).