Сега се умешувам во дискусијава како правник. Правото е многу категорична работа. Закони постојат, а ако не се почитуваат следуваат санкции и точка. Нема тука “ама“.....има одредби, закони, членови....И многу ми се паушални моабетите од типот, вака било во србија, вака во Босна.....не колеги, отворете си закон видете како е во Македонија и тоа почитувајте го....тоа е едно. .....Второ е ако не ни се бендисуваат тие правила/закони, тогаш некој треба да иницира нивно менување, јас тоа на многу места на форумов сум го кажал, ама ретко кој ме есапи.....дозволуваме некој друг да ни ги пишува правилата за нашата пасија, а после мрчиме.......значи детектираш што е тоа што не чини, правиш конкретен предлог, измена на закон и го предлагаш, правилата ќе бидат онакви какви што ги бара тој што предлага, ако луѓе од МРФ си ги предлагаат тие правила, а сите други си ќутат, алал да им е од МРФ, ќе биде како што си ги замислиле во МРФ, ....ако ги предлага некој сектор во Министерство, ќе биде како они што смислиле, ако сите ќутат и никој ништо не предлага, незнам што овдека се пењавите.....Трета работа се риболовните “институции“ во државата, како што се риболовни друштва и засега риболовна федерација, и тука е исто како кај законите, ако не ти се свиѓа, смени ги, ако неможеш да ги смениш ќути си затоа што си малцинство,....просто е како грав.....уште попросто кажано,.....ако не ти се свиѓа како работи раководството на МРФ, смени го, ако можеш, а за да го смениш треба да имаш подршка од риболовните друштва....па тука се отвара моабетот колку и какви риболовни друштва има.....и на крај ако се фатиш себеси дека ти си меѓу малкуте на кои нешто не им чини, нормално е да си речеш “Малкумина се со мене, ЈАС НЕ СУМ СО СИТЕ“
и ќе сватиш дека можеби и не си во право, или пак треба да помине време