Па викаш, да организира МРФ и ќе се пријавите. Зошто тогаш не се пријавивте во лигата, по примерот на Предраг?
Како прво, овде не се работи за лига туку за куп натпревар.
Ако не знаеш куп натрпевар е едно натпреварување а лигата има неколку кола, минимум две а кај нас обично 3.
Јас 7 години по ред се натпреварував во лигата и мојата екипа била една од најредовните учесници, без разлика кој организирал, како и каде.
Башка од лигата уествував на сите можни купови во организација на МРФ.
Бев член на УО на РФМ како представник на крапските риболовци се со цел да придонесам колку е можно повеќе за унапредување на овој спорт кај нас.
Е сега да ти одговорам на прашањето директно.
Не само јас, ами и 90% од сите крапџии во МК што нешто значат во овој спорт, не се пријавуваат за лигата.
Зошто?
Едно зошто - многу затоа! Милион причини има а јас ќе ти кажам само една единствена.
РФМ се нафаќаше секогаш да ни плати котизација (од парите собрани од лигата) и тука завршуваше цела приказна. Се останато беше оставено на нас да си бркаме спонзори.
Дали имаш представа како изгледа една финасиска конструкција за учество на светско првенство? Ако имаш намера озбилно да се натпреваруваш тоа се десетици илјади евра.
Па ајде вака со уличарски речник ќе ти кажам...Им скурчи веќе на сите да си плаќаат се од џеп за да ја представуваат Македонија.
Овде се работи за приватен куп, каде се натпреварува секој во свое име и за своја сметка.
Нека го организираат па ќе се пријават луќе, само ти не ми ја свати оронијата во постот. Ако РФМ се нафати да организира нешто вакво, тешко дека ќе има многу пријавени екипи.