www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Ное 24, 2024 8:58 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ЈАГУЛА
ТемаИспратеноCOLONСаб Jул 07, 2012 9:31 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
[ img ]
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ :arrow:viewtopic.php?f=54&t=2309 , Слики на улови :arrow:viewtopic.php?f=52&t=2310&p=67982#p67982

Јагулата е ноќен створ и лови ситна риба. Но исто така таа е и чистач. Нема да прости на мртва риба или нешто слично шо ќе падне во водата и може да го проголта. Во потрага на пленот стално се држи по дното, всушност до места каде делумно може да се сокрие. Помеѓу камења, корења дупки ...

На Вардар ми се има случено првиот улов на јагула. Онака случајно. Среде ноќ ме има разбудено ѕвонче од дубинско фрлено помеѓу две паднати дрва. Немав риба, но пијавицата беше мртва и изгризена, распарчена. На тој стап и на тоа место никогаш немав удар во текот на ноќта, исклучиво пред стемнување и на изгрејсонце. Затоа не се мачев да ја сменам и така ја вратив во вода блиску до брегот, околу 1,5m длабочина. За помалце од 1 час повторно ѕвонче, но ѕвони како некаде да гори. Така ја фатив првата јагула.

Утре вечер чекав повторно но без успех. И следниот пат првата вечер без успех. Но втората вечер ми текна да ставам пијавица која дента беше умрена и фрлена. Резултатот беше неверојатен. Повторно имав јагула на јадицата.

Имам ловено и на мртва риба не подолга од 10-тина cm која дење ја оставав да замириса. Стомакот пред ставање на јадица ќе и го подотворев, а во уста ке и ставев парче по должина пресечен лук. Осумдесетите години немаше интернет и форум. За риба со лук како мамец дознав од еден стар рибар во шинобус.

На море имам најмногу фаќано јагули на вливот на малото рекиче од десната страна на автокампот ЈАЗ (Црна Гора, веднаш до Будва на патот за Тиват). Јагулчињата не беа поголеми од 50cm и не подебели од прст. Тогаш не знаев дека всушност сите уловени се мажјаци. Како мамец користев 2 - 3 подебели црви.

Јагулата е најдобро да ја ловите кога дува силно југо. Непосредно пред или за време на силни летни, дождови нарочно ако се касно попладне и на стемнување, проследени со грмежи.

Пленот го зима енергично, а јадицата ја голта длабоко. Внимавајте кога ја одкачувате јадицата. Има силни вилици и остри забчиња. Јас најчесто јадицата не ја одкачувам. Едноставно ќе го пресечам конецот и јадицата и ја оставам во уста.

Одамно ја немам ловено иако знам дека ја има под Демир Капија каде најчесто (исклучиво) ловам на Вардар. Кога на Јадица 4/0 и поголема, многу ниско до дното, ќе ми остане само она парче пијавица кое било нанижано со сигурност знам дека прошла јагулата.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЈАГУЛА
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 08, 2012 10:25 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Za jagula ima specijalni jadici so dugacok vrat i so zabci na vratot za koristenje na pijavici ili crni crvi.Koga ke gi nanizete zapcite nedavaat da se vraka mamecot a mnogu dugackiot vrat ostava mesto da se izvadi jadicata bez kinenje.Uste nesto najubavo se faka za da ne vi lizga so vesnik.Ako ja fakate so krpa moze posle da ja frlite zoshto ima liga koja mnogu teshko se pere.

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЈАГУЛА
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 08, 2012 11:10 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Да Јани така е, Апсолутно се слагам. Или да одереш јагула без ВЕСНИК. Научна Фантастика. Само весникот е закон (најдобра е НОВА МАКЕДОНИЈА - најголем формат).

А дали си осетил Јани лига од јагула на подлактица кога ќе се осуши, уште ако имаш по влакнести раце :?: :!: :!: :!:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЈАГУЛА
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 08, 2012 11:13 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
:lol: :lol: :lol: uste poloso na noze sum osetil

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЈАГУЛА
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 08, 2012 11:22 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Те СВАЌАМ :oops: :lol:

Кажи некое твое искуство. Очигледно го имаш.

Јас одкако во прво време се навлеков на црвеноперка на Тиквеш, на крап, и по тоа со враќањето на Вардар на сом и мрена, ја немем ловено (целно). Ми се враќа желбата. Местата што порано ги постував се променети но не многу. Следниот пат ќе пробам, па ќе видиме :?: :!:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЈАГУЛА
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 08, 2012 11:23 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Точно ли е дека е најактивна на полна месечина?
Такво нешто имам слушнато од постарите...

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЈАГУЛА
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 08, 2012 11:31 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
По литература што ја имам читано, за време на полна месечина јагулата лови во средните слоеви на водата но и кон површина. Ги гледа силуетите на риби над нејзе и ги напага. Со бојата на горниот дел на телото е неприметлива за рибите под нив, всушност сите риби предатори се добри во мимикрија и напаѓаат од доле кон горе. Сите предатори поради ова имаат по развиена долна вилица.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЈАГУЛА
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 08, 2012 11:34 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Значи сепак е точно, сето тоа е поради подобрата видливост т.е лови од заседа.
Ова е одлична информација.
Ајде нешто повеќе и дали и кој вештачки мамец е во игра?

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЈАГУЛА
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 08, 2012 11:42 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Сеуште не сум чул некој да лови јагула на вештачки мамки.

Но и кога би чул не би се изненадил. Мислам дека во основа е најбитно како ќе и ја презентираш мамката во одредено време дека е најбитно. Едно време Андреја Урбан, мислам на Мантово има ловено крап со мокри мушици (пишуваше во ЗОВ и Р.Трофеј во СФРЈ).

За јагулата нај добар е оној стариот начин на лов на крап. Подвижно олово со мамец на подолг подвез. Ако осети и најмал отпор знае веднаш де ја исплука мамката.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЈАГУЛА
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 08, 2012 11:45 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Teshko na veshtacki mamec.Celno sum ja lovel samo na globocica.NAjdobar period e juli i avgust koga ke duvne jugot togash poleka se prema za vo more i e poaktivna.Znae da bide dosta aktivna i cel juni.Najubavo e na strushki crvi ili na ripce na tesko olovo so mala gramaza.se krie okolu trevite ili se pika vo niv taka da neja barajte na cisto nego vo neposredna blizina na trevi ili nekoja prepreka.Sum izvadil i na slatina na vremeto od kade tamu neznam.
Nikogas ne pravete kontra pri prvoto zatresuvanje na trskata ili na mal bip.Pocekajte ushte nekoja sekunda za da lapne pa togash kontra.So vas obavezno vesnik i malo kepce inaku krapskoto ke se shinete od perenje za da gi izvadite ligite.

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 5 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum