Aки добро поминав кога надојде водата фатив 3 бојничиња,4 кленчиња 5 караша и 3 кркушки се на бел црв,вчера слабо поминав водата касно ја пуштија,Лепенец беше бистар цело време ,подобро поминаа на трева,ова ти е детален извештај да не речете крие човеков,сега ќе видиме како ќе делува кај мрежаџиите,дали ќе се појават во поголем број,како посматрачи.Поздрав и секое добро за сите колеги рекреативци риболовци.
Гоце убаво си кажа,не мора да кажуваш за уловот.....како прво ова е тема за информации за водите, не треба да коментираш за уловот.
Така да убаво кажано од твоја страна дека има нови фаци и мрежари кои посматраат.
Инаку јас бев на Вардар на 23.06.2012 Демир капија таму варира Вардар со еден метар во висина (ја пуштаат Црна Река),од таму отидов позади ХИВ Вардар мал ама матен, и јас се чудев од каде матен но по се изгледа од сепарациите.
Поздрав и известување за улов само преку ПП препорачувам вие како сакате.