www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 7:57 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Eзеро Јоца - Војводина
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 12:17 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Деновиве бев до Белград, па престојот таму го искористив да отидам и да го видам езерото Јоца кое е дел од огромното пространство на рибникот Ечка, кој е најголем рибник за крап во цела Европа. Ова беше еден вид на извидница за риболовот кој ни претстои на есен таму.
Езерото е огромно, со многу трска и лотосови цветови, невидена бара е. Се простира на 500 хектари, има многу чисти делови за риболов кои се оградени со трска од сите страни и тесни патчиња по вода низ трската, така да ако не го знаете езерото, многу е лесно да се изгубите, па да чекате неколку саата да дојдат и да ве соберат :) Од риба најзастапени се штуката, крапот, амурот, толстолобикот, сомот, а има и доста смуѓ, буцов, црвеноперка, бодорка, караши (прв пат видов караши од 2+ кг, целите црни од старост). Целото тоа подрачје наоколу е природен резерват.
Инаку, дента кога бев таму, времте беше ужасно топло, водата во езерото беше скоро 30 степена, со оглед на просечната длабина на езерото од 1,5 - 2 метри. Нормално, штуката ја немаше никаде (а јас се надевав дека ќе закачам некоја, се убив од фрлање кашики, воблери, силиконци итн.) и генерално тие денови беше слаба активноста на рибата.

Инаку, цел тој дел од Војводина, во близина на Зрењанин, е фантастичен за риболов. Покрај Јоца поминува Тиса, недалеку е и Дунав, има мал милион канали наоколу кои се полни со штуки, смуѓеви и други риби.

Како и да е, на есен кога ќе бидат одлични условите, ќе следува некоја поуспешна репортажа, со повеќе слики од риби и помалку пејсажи :D

А сега сликите...

Патот кон Јоца, целиот крај е заштитен резерват, има и доста дивеч, цела ноќ околу нас виеја шакали/волци

[ img ]

Пред Јоца има неколку споени езера во должина од 6-7 км, патот води покрај нив, но таму е забранет риболовот и служат исклучиво за одгледување на крап. Малите ископани базенчиња ги има насекаде околу езерата, и најверојатно служат за мрестење и селекција на краповите.

[ img ]

Пред да се стигне на Јоца, има едно село/населба, каде што има многу плански куќи, од кои добар дел се средени во етно стил, и се изнајмуваат по цена од 10 евра/вечер по човек, така да доста рибари кои одат на Јоца спијат во населбата (3-4 км пред езерото)

[ img ]

После населбата има уште езера за крап, а патот станува катастрофа (ќе биде среден наскоро), и се вози по земја (среќа што беше суша) неколку километри до Јоца. Десно цело време се езерата, и се гледаат крапови како скокаат, големи риби во каналот покрај патот... Рај за очи

[ img ]

Патот пред Јоца е ужас

[ img ]

И конечно на Јоца... Не пречекува и дента поставениот нов знак, без врска, алуминиумски наместо дрвен, не се вклопува во амбиентот :?

[ img ]
[ img ]

Зет ми и управителот Јоца

[ img ]

Прв поглед кон езерото

[ img ]

Во “трпезаријата“

[ img ]
[ img ]

Не губевме многу време :)

[ img ]
[ img ]
[ img ]

Почнавме да ја спремаме опремата, односно тие да ја спремаат и да се распакуваат, а јас отидов да фрлам наоколу за штука. Нормално, ја немаше штуката, температурата беше 100 степена.
Таму прв пат видов некој на крапски трски Greys Prodigy да става ТАПА и така да лови крап :lol:

[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

И еден поздрав до Јане по повод еден од неговите последни постови :)

[ img ]

Бевме 6 луѓе со 3 чамци... Еланови чамци, доста стабилни и долги

[ img ]

Насекаде низ езерото имаше поставени платформи во вода, секој рибар може да си изнајми платформа и да си лови од неа цел ден, го носат и го земаат со чамец по потреба. Дури има и опција за 160 евра да ти направат платформа која ќе можеш да ја користиш секогаш бесплатно :)

[ img ]
[ img ]

Птици летаат насекаде, риби скокаат :D

[ img ]
[ img ]

Вака изгледаа “патиштата“ низ Јоца:

[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

А успеав да снимам и еден краток клип за да се долови езерото:



Се наместивме речиси на другата страна од езерото

[ img ]

“Струшки“ црви, пијавици за сом, шеќерац, прихрана од пченка, боили, пелети

[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Ноќта едно 2 саата ни јадеа комарци, па после дувна малку и залади, па бевме раат. Активност на риба 0, иако крапови скокаа и на 1 метар од напите чамци :D Излегоа неколку караши од 1-2 кг, и сабајлето извадив една бодорка. Пред некоја недела во истиот предел се убиле од вадење риба истиве момци што ме носеа, ама водата се уште не била толку топла :(

[ img ]
[ img ]
[ img ]

И сом се чекаше на неколку трски, на пијавици и на грст црни црви, ама немаше удар цела ноќ

[ img ]
[ img ]

Сабајлето се прибравме кај Јоца, кој се покажа како одличен домаќин и кувар :D Требаше во вторникот да се вратиме (во понеделникот вечер наврна доста дожд), ама поради работни обврски не успеавме да се договориме и го оставив следниот риболов за есен ;)

Да не заборавам, во трпезаријата стои нашиот амблем и нашето лого “Стоп за рибокрадци“, ама сабајлето веќе немав батерија да сликам :) И нормално, душа и извадив на маицата од покажување :)

[ img ]

Темава ќе ја оставам во “Репортажи“ кратко време, па ќе ја префрлам во “Информации за водите“, бидејќи планирам да собирам информации до есен, па на есен, “ко воли нек изволи“ на риболов таму :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 12:50 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Браво Филип, каква одлична вода за риболов, ова е тоа, штета што сте немале улов, а штука овој период само може да се сонува, бар по мое искуство :)
Секоја чест друже!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 1:14 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Ke mora da se odi ovde, septemvri / oktomvri.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Eзеро Јоца - Војводина
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 2:21 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
супер дружење и добра презентација на езерото ,, некогаш и нее на одмет да се посети ;)
поздрав

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Eзеро Јоца - Војводина
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 2:24 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
[ img ]

Filip, za kolegata od desno so pivoto vo rakata, za moment pomisliv deka MIroslav Ilic vi pravel drustvo :D

Bash me interesira na koj nacin ja odrzuvaat ova voda, kolkava li investicija e celoto i na koj nacin funkcioniraat, koi se pravilata.
Mene mi izgleda kako raj za riblovocite.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Eзеро Јоца - Војводина
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 2:28 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Водата е на приватен имот, на задругата Ечка (ваљда е уште задруга, или некоја слична форма). Наоколу има езера, мрестилишта, чуда, чувари, ловочувари, рибочувари, вработени, така да не може некој да пристапи и да краде риба. Друга работа е што луѓето што се таму постојано се во контроли по езерото, а има и редовни гости кои веднаш би пријавиле некоја неправилност. Правила нема многу, воглавном штуките не се земаат, крапот може понекогаш да се земе (газдата си одлучува дали ќе го даде или не), бела риба се зема колку сакаш.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Eзеро Јоца - Војводина
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 2:35 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Екстра вода, одамна ми било желба да одам нагоре. 8-)

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Eзеро Јоца - Војводина
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 2:37 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Филип убава авантура, штета што не сте направиле кејф и не сте фатиле риба,ама важно сте осетиле филинг од езерото,а сте направиле и добра извидница, за на есен нека му се држат рибите :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Eзеро Јоца - Војводина
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 2:46 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Браво Филип , одлична прошетка и дружба си направил ;)
верувам дека батериите ти се полни за еден подолг период 8-)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Eзеро Јоца - Војводина
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 28, 2012 5:31 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Za ova ezero bas I'm kazuvav na vratnica.ima I odlicni divljaci.ima nekolku poz za krap za na dubinsko ama sega e I za nego e pretoplo.odlicna voda za sekakov ribolov.najgolemata stuka kojae voedno I srpski rekord e 14kg fatena na ova ezero.krap od 23kg.primer kako treba da se cuva.pazete se na ova ezero stukata e zakon.nedaj boze da vi umre ili da ponesete nekoja.kaznite se golemi.karlo bese godinava tamu na vikend.dobi stuka na boila

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 12 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum