На мислење сум дека за води на кои НЕМА консесии не треба да се забрани риболов (не мислам на период на мрест). Едноставно надлежното министерство би требало да издава привремени дозволи и поштените и нормалните (ако има такви) рекреативци си ја задоволат страста, а не да се чуствуваат казнети. Сепак постојат и привремени регистрации за коли. Од друга страна самото присуство на рибари на вода донекаде им ги помрсува конците на РИБОКРАДЦИТЕ - мрежарите.
За вакви идеи треба веднаш идеи за конкретни измени на закони (кој член и како да се смени), сепак ова е рибарски форум, а досега не сме имале конкретна идеја за измена на законите кои ја регулираат областа....се доведуваме во ситуација некој друг да ни ги крои правилата за игра....мислам дека треба да бидеме поактивни на ова поле (не само за ова што Боби го потегна, туку и многу други работи), да даваме предлози за измени, па кога ке се менува законот, верувам дека тоа што е издржано, возможно и добро ќе биде прифатливо