__
__
СРЕБРЕН КАРАС
ЛАТИНСКО ИМЕ (Carassius auratus Gibelio) е слатководна риба која припаѓа на фамилијата (Cyprinidae), род (Carassius)
ЛОКАЛНИ ИМИНА - бабушка
ПРОСЕЧНА ДОЛЖИНА - расте до 45 см
ТЕЖИНА - околу 500гр но може да нарасте и преку 2кг
ВРЕМЕ НА МРЕСТ - од МАЈ до ЈУНИ
МЕСТА, НАВИКИ, РАСПРОСТРАНЕТОСТ
Живее во
ЦИПРИНИДНИ води и на места со мал процент на кислород и минимум храна
Води потекло од Кина, донесена е во европа во 1856 година и во нашите води е застапена во голема мера и скоро во сите води. Оваа риба нај повеке се храни на дното а нејзина храна се некои врсти на треви и разни црвчина. Во летните денови се храни поинтензивно додека во зима паѓа скоро во латеннтна состојба. Неговата отпорност е многу голема и може да преживее на многу ниски температури , дури и кога водата каде што живее замрзнува. Исто како и карасот во сушните периоди се укопува во тињата и успева да преживее.
РАЗМНОЖУВАЊЕ
Мрестот им започнува во месец Мај и трае до месец Јуни со (ginogeneza), икрата ја оплодуваат другите мажјаци од фамилијата
Cyprinidae-(златниот карас или крапот), женката положува во три наврати по околу 400 000 икри од кои се развиваат исклучиво женски примероци. Инкубацијата на икрата трае од 5 - 8 дена .
ЗА ОВАА ВРСТА (сребрен карас ) - НЕМА ПРЕДВИДЕНО ЛОВОСТОЈ И ОГРАНИЧЕНА КОЛИЧИНА НА УЛОВ
прочитајте повеке за риболовот на оваа риба во оваа тема :arrow:
viewtopic.php?f=11&t=1869&p=47988#p47988
видете, ставете слика од вашиот капиталец :arrow:
viewtopic.php?f=52&t=2245
сликите и информациите
се превземени од интернет сајтови