Минатата година во Септември, рибарите остана вчудоневидеоно после информацијата фаќањето на 1500 метри мрежа на Велешко езеро и како и кој се дрзнал на таков чекор. Сепак тоа не било крај за арамиите. Најнова вест, од пред неколку дена
Запленета рибарска мрежа долга над 1000 метри на езерото Младост
Превземено од “Лисица“
Чуварската служба при Здружението на спортски риболовци „Бабуна"од Велес и припадниците на полицијата изведоа успешна акција на езерото Младост. Запленија мрежа за нелегален улов на риба долга над 1000 метри.
Истата според рибочуварите била поставена на почетокот на Езерото. Тие претпоставуваат дека ја забележале многу брзо само еден часа по постаувањето, затоа и уловот на риба во неа не бил голем, во спротивно со мрежа долга над 1000 метри мoжно е да се направи огромна штета на рибниот фонд и само во една вечер од езерото да се извадат стотици килограми риба.
„Мрежате беше поставена на очетокот на Езерото Младост ,кај заливот. Претпоставуваме дека е околу еден час пред да дојдеме ние и со оглед на должината мислам дека ќе се направеше огромна штета на рибниот фонд", вели Томе Илиевски секретар на ЗСР „Бабуна".
Чуварите во мрежата пронашле и еден капитален примерок на риба од видот Амур. Рибата која се заплеткала во мрежата била долга осумдесетина сантиметри , а тешка 21 килограм.
Од Здружението „Бабуна" апелираат до спортските риболовци ,да ја почитуваат забраната за риболов ,посебно сега кога е период на природен мрест, но и да пријавуваат кога ќе забележат дека во езерото рибократци поставуваат мрежи.
„ Им порачаме на рибокрадците дека контролите на чуварите и полицијата се засилени ,а казните се ригорозни", вели Илиевски.
Борбата против рибокрадството продолжува. Последната рунда ја добија чуварите.
_______________________________________________________________________________
За да биде трагедијата поголема, видете само каков Амур се заплеткал во мрежата. Тоа е Амур поголем од сите Амури што ги фатија Полиз, Јупи, Дацо и грчкиот колега лани во Грција- репортажа која со право остана како најдобра за минатата година.
Сега гледаме дека такви амури има и кај нас и со право се прашваме колку од нив завршиле во ваквите мрежи. Во исто време тоа е и добра прилика да увидиме какви трофеи може да имаат нашите води само ако не се остават на милост и немилост на ваквите арамии, ако се порибат и чуваат .
Секоја чест за Здружението на спортски риболовци „Бабуна" од Велес и припадниците на полицијата, поздрав до следната ваква акција.
Поздрав и до колегата од Велес за информацијата.