www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 30, 2024 11:06 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Писмо до МВР
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 2:17 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Вчера Здружението Рибар 2011 испрати допис, писмо до МВР на РМ.
Се надеваме дека ке се реагира и превземат одредени мерки од нивна страна за да колку - толку се стави ред во риболовот во Р.М.

Во продолжение го имате писмото во целост.

До: Министер за внатрешни работи





Почитувана г-ѓа Јанкуловска,


Ви се обраќаме од името на најголемиот број загрижени љубители на риболовот, од името на најголемиот риболовен веб сајт и форум во Македонија www.ribar.com.mk и од името на здружението на риболовци “РИБАР 2011”.

Секојдневно и постојано до нас стигаат сведочења, поплаки и жалби за риболовен криминал во цела Македонија. Најголемиот број на води (реки и езера во Македонија) се уште немаат свој концесионер и заштитник, а во такви случаи грижата за нив е на државата и на институциите. Сепак, на терен царува криминалот, а револтот од истото се префрла и кон институциите и Владата. Бројката на љубители на риболовот се проценува на над 50.000 и сите тие гледаат што се случува и нервозата од ден на ден се зголемува. Ова е посебно изразено поради фактот што Мај и Јуни се месеци во кои најголемиот дел од рибите во сите води се мрестат, т.е се раѓаат нови поколенија, огромни јата на риби во овој период се доближуваат до бреговите на водите и се мета на секаков вид на рибо-криминалци, од кои најголема штета прават оние кои пуштаат мрежи.

Само за пример колкава е штетата: Една плодна риба во себе може да носи и до 1.000.000 јајца, (идни риби), а во моментов од македонските води се изнесуваат плодни риби со тони и завршуваат во фрижидери, замрзнувачи, на пазари, по ресторани и слично. Со тоа се убиваат милијарди идни риби и цели генерации на македонско национално богатство. Додека во некои соседни земји прават туризам од тоа што имаат реки и езера богати со риби, а риболовци од целиот свет со автобуси и авиони доаѓаат да риболоват на такви води и оставаат огромни средства, кај нас се е удрено на криминал, краде секој кој стигне, а државата покажува голема немоќ. Притоа, во споредбите не зборуваме за некои западни земји, само пример: во Словенија за еден ден риболов странец потребно е да плати 40 евра дневна карта, 180 евра дневно за водич и секако за престој дополнително, или сублимирано околу 250 евра од еден риболовец, само за еден ден риболов. Вакви примери има и во Србија, Хрватска, Бугарија, па дури и во Босна. Македонија засега е индиферентна кон овие можности и е на опашката на земјите од Балканот.

Од овие причини, а знаејќи дека МВР знае да направи одлични чекори во секоја од своите надлежности МОЛИМЕ И БАРАМЕ, што поскоро во овој месец (поради тоа што сега е мрест на рибата) да спроведете повеќе акции за фаќање на криминалците кои фрлаат мрежи и користат други незаконски средства за риболов и истото добро да се промовира во јавност, со цел и превентивно да се делува за понатаму.

Во прилог Ви ги испраќаме и локации каде што во изминатиов период се забележани сите тие криминогени активности што Ви ги опишавме погоре, а што се сублимирани во Член 93 од Законот за рибарство и аквакултура




Член 93
(Забрани)

Во риболовните води е забрането:
- стопанисување со рибите за кои нема изработено риболовна основа,
- стопанисување, доколку не е добиено одобрение на годишниот план,
- стопанисување, спротивно на риболовна основа и годишниот план,
- ловење риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој утврден во риболовната основа,
- ловење риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов,
- ловење риби под одредена големина и над дозволена количина утврдена во риболовната основа,
- ловење риби со разни видови мрежи без дозвола за стопански риболов, или со други риболовни средства забранети за вршење риболов, како и со огнено оружје, експлозиви или хемиски и други средства со кои се повредуваат, убиваат, трујат или зашеметуваат рибите,
- електрориболов,
- ловење на риби со насилно закачување на рибата со риболовен прибор
- ловење риби со ости, подводни пушки, непосредно со раце, трокуки, како и со мрежичка на трска, а за рекреативен риболов,
- загадување на риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми,
- ловење риби со преградување, исцрпување и пренасочување на риболовната вода,
- порибување со нови видови риби без претходна согласност на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,
- ловење риби во променет режим и квалитет на водите,
- ловење на ретки и проредни видови риби на одделни делови или на сите риболовни води,
- ловење риба над предвиденото количество со риболовната основа, и годишниот план,
- движење или задржување во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства и
- движење или задржувањe на лица во непосредна близина на риболовните води со носење риболовен прибор, а не поседуваат дозвола за рекреативен риболов.


Локации кои се нападнати од мрежари:

 Преспанско езеро на многу места покрај трските

 Дојранско езеро на многу места покрај трските

 Козјак (на потегот од вливот на река Треска па се до околината на село Близанско),




 Мавровско езеро: (под споменикот кај Маврови Анови и околина на село Леуново

 Река Пчиња: Од вливот на реката во Вардар па нагоре кон манастирот Богородица, кај бањата, кај Катланово, и на делот помеѓу Долно и Горно Коњаре

 На езерцата Бадар – катлановско

 Треска скопски дел: Потегот од Сарај до Шишево/Глумово

 Црн Дрим: Кај Добовјане и пред Ташмаруништа, кај трските

 Езеро Паљурци

 Езеро Стрежево

 Езеро Мантово

 Езеро Водоча

 Езеро Турија

 Езеро Калиманци (влив на езерото, Каменички залив (заливот пред М.Каменица), село Луковица кај гробиштата до патот и теснецот кај село Иљово.

 Дебарско езеро

 Река Вардар од село Марвинци кон Гевгелија

 Река Брегалница од вливот на Злетовска река до Виница, Истибања, пред влив во Калиманци,над Делчево,село Тработивиште и нагоре.


За сите дополнителни информации и волонтерска помош стоиме на располагање.



Со почит,


Сашо Васков (Претседател на ЗРСРК РИБАР 2011)



_________________

Од името на здружението, од името на www.ribar.com.mk и поголема група риболовци

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Писмо до МВР
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 2:24 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Одличен допис Сашо.
Искрено се надевам на feedback и бар 1-2 конкретни ветувања дека нешто ке проба да се заштити.

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Писмо до МВР
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 2:26 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
писмото е супер
само имам уште еден + предлог

да составиме и еден список на имиња - на лица кои се бават со таква работа
и тоа список по општини
вервам дека секој од нас знае по име некој локалец што се бави со криволов,

што би рекле

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Писмо до МВР
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 2:28 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... samo so sakav da go pofalam tekstot me sopna nesto :twisted: Sepak pofalba za idejata, no zosto ne OE staveno vo Локации кои се нападнати од мрежари :?:

... ah vie skopjanista, tolku li vi e maka so go nemate OE vo Skopje, pa duri i imeto ne go spomnuvate :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Писмо до МВР
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 2:29 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
е за вакви работи треба да се троши енергија......злате добра е идеата за имиња и презимиња....мозе да се отвори тема и кај тебе на ПП, или кај некој друг, луѓето нека ги праќаат имињата и презимињата и местата, ама претпазливо, да не испадне некој по грешка да се шиканира


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Писмо до МВР
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 2:32 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Lepi НапишиCOLON
... samo so sakav da go pofalam tekstot me sopna nesto :twisted: Sepak pofalba za idejata, no zosto ne OE staveno vo Локации кои се нападнати од мрежари :?:

... ah vie skopjanista, tolku li vi e maka so go nemate OE vo Skopje, pa duri i imeto ne go spomnuvate :mrgreen:
абе лепи, па имаше тема за ова мислам
viewtopic.php?f=63&t=2145

а и мислам дека во ОХ се малку позатегнати конците изминатиов период (во однос на другиве места), можи и грешам


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Писмо до МВР
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 2:37 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
е за вакви работи треба да се троши енергија......злате добра е идеата за имиња и презимиња....мозе да се отвори тема и кај тебе на ПП, или кај некој друг, луѓето нека ги праќаат имињата и презимињата и местата, ама претпазливо, да не испадне некој по грешка да се шиканира
бориз и да е некој по грешка ставен нее прекршок --- такви сознанија им се потрембни на министерството , после тоа си ги селектира и ги проследува до кај што му е местотото
слободно кажувајте што ви лежи на душата и да го испратиме таму каде што треба

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Писмо до МВР
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 2:44 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
а и мислам дека во ОХ се малку позатегнати конците изминатиов период (во однос на другиве места), можи и грешам

... ne be Boris, kakvi pozategnati :( So lujge so kontaktiram od Ohrid, mi kazuvaat istata prikazna, pred da se stemnit, flota od Kajcinja odat na poznatite reviri da si frlaat Mrezi ... i toa do sabajleto :(

Ali sepak OE trebase isto da figurirat vo dopisot ;) zaso da ne, i toa e napadnato do nemajkade od ribokradci so mrezi :evil:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Писмо до МВР
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 2:46 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Наш пропуст Лепи, мада во писмото ги ставивме сите ревири кои беа наведени во темата што ти ја посочи Борис. Никој таму не го спомна ОЕ, затоа и сме го пропуштиле...

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Писмо до МВР
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 14, 2012 2:51 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Сигурно ова нема да е прв и единствен допис.
Мегутоа потребни се и вакви дописи и од други здруженија.
Лепи, убаво би било да Радован направи еден сличен допис.
Адресата ја знаете нели ?

_________________
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 14 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum