Нешто кое секогаш ме нервира при завршувањето на риболовот и собирање на опремата е што со мрежата од кепот која во 95% останува мокра , а за тоа како мириса на риба да не зборувам.
А и не е многу пријатно да се прља багажникот , колата се вмирисува и сл. Затоа решив да си направам тубус за мрежата
За целта ви е потребна една цевка Ф50мм со должина од 120см.
Од едната страна раширете ја цевката на тој начин што внимателно ќе ја загреете и потоа со друга цевка вметнувајки ја во загреаната ја раширувате
Друго кое ви треба се две гумени тапи едната со Ф50мм а другата за фитинг, малку поширока
Се затвара потесната страна со едната тапа , никако да не се лепат ,
Убаво намотаната мрежа ја уфрламе во цевката
И ја затвараме со пошироката тапа
Вака спакуваната мрежа нема да го испрља автомобилот , мрежата нема да шири непријатна миризба.
Откога ќе се прибереме ја вадиме мрежата , се исперува добро и откога ќе се исуши ја прибираме повторно во тубусот !