vo sabotata imavme kontrola na globocicko ezero vecerta 22casot do izutrinata 4-casot mozam da kazam pozitivni zborovi nitu edno metro mreza nebese pronajdeno kontrolata je imavme selo globocica golema reka kaj branata i kaj selo tasmarunista duri do trskata blizu svinjarnikot malce vlegovme vo tudza teritorija neka ni prsteva pastarmka od struga
Тасим, нема што да ти проштева Пастрмка од Струга. Ништо намерно не си згрешил, а и добро те знам па и да згрешиш се би било со најдобра намера и во функција на заштита на рибите во река Црн Дрим и акумулацијата Глобочица. Кој работи може и да згреши, а кој не работи не е можно да згреши ( како би згрешил кога ништо не работи ).
Сите ние сме заинтересирани за заштита на рибниот фонд. Секоја акција за спречување на рибокрадството е за поздравување, а не за критикување или за барање прошка од некого.
Има една изрека: Заедно сме посилни!!!. Затоа, јас мислам, доколку заеднички настапевме во вчерашната акција ќе имаше познат сторител. Овде не велам дека се криви луѓето од Црн Дрим - Лабуништа, и тие биле повикани од страна на полицијата. Во сите акции кои се организираат за спречување на рибокрадство во ревирот на некој концесионер, а од страна на трети лица - МОРА ДА СЕ ИЗВЕСТИ КОНЦЕСИОНЕРОТ. Концесионерот е тој што треба да знае што се случува во неговиот ревир.
Во врска со вчерашната акција, Пастрмка од Струга имаше сознанија дека се поставени мрежи во потегот на с. Ташмаруништа. Наша цел беше да бидат фатени рибокрадците на дело, па затоа со инспекторот се организиравме да ја следиме ситуацијата и да бидат фатени рибокрадците при излегување од вода со мрежите и уловот. Пастрмка од Струга нема пловен објект, како што претходно кажа Тасим, па затоа нашата борба со рибокрадците се сведува на чекање да се фатат на обала заедно со мрежите и рибите и да се поднесе пријава за ПОЗНАТ СТОРИТЕЛ, што секако е поголема казна отколку само да се одземе приборот. Ние сме концесионери на река, а не на акумулација па не ни е неопходен пловен објект.
Како и да е, ви честитам за акцијата и се надевам дека ќе ги има уште многу, како што веќе реков, се со цел заштита на рибниот фонд во река Црн Дрим и акумулација Глобочица.
Само сакам да напоменам дека за да се спроведе успешна акција ЌЕ МОРА ДА СЕ СОРАБОТУВА СО КОНЦЕСИОНЕРОТ.
Се разбира, доколку не мислите дека концесионерот соработува со рибокрадците ?!?!?
Site nie treba da svatime edno a toa deka na site nas ne ni e potrebna prikazna deka treba mrezi da zaplenuvame...ili da odzemame...Ima takvi kolku sakate na site vodi vo R.M.......Nas ni trebaat lica zateknati vo nedozvolen ribolov na bilo koja voda...., so toa sto vo zateknuvanjeto, odnosno pri opis na nastanot mora da se javat site prisutni vo akcijata.....Samo togas prikaznata ima vrednost, bez toa nema nikakov efekt.....,