Рeшивме повторно на МАВРОВСКО затоа што тоа езеро едноставно привлекува со сета негова убавина.
Безброј пати сме го посетиле, ама оваа репортажа едноставно ви ја должиме по онаа првичната (ДЕНЕШНА ДЕСТИНАЦИЈА МАВРОВСКО 1 ви МАЈ).Ветивме нешто што месец и половина не мачеше не гризеше совеста зошто да биде баш така, зошто рибарите да имаат такво мислење за нас, па решивме пак да направиме еден викенд од 08.до 10 јуни, токму на истото езеро.
Стигнавме во Маврово прво што направивме ја посетивме Управата си извадивме дозвола за риболов, се информиравме за нашите права за рибарење за кои надлежните најкултурно и најљубезно ни ги објаснија и се упативме на местото покрај езерото.
Вечерта(петокот)по пристигнувањето како вообичаено беше наменета за припремање на шаторот опремата за риболов па потоа се разбира, дилеми на кое место да ловиме, на што мамец ,дали ќе ја оправдаме оваа наша посета ,и најглавното дали ќе имаме улов, и тоа траеше цела ноќ се до утринските часови,покрај скара и ладно Бунарче и се разбира добро дружење.
Се раздени направивме некоја слика од пејсажите на езерото и ете не во вода ,местото за риболов овој пат го одредуваше кој друг ако не меѓу нас најдобриот КЛЕНЏИЈА- ДЕКИ-РИБАРОТТТ.
Тука беа ДАЦЕ, ГОРАН, ФИЛИП, и јас ОКИ –рибар.Да не должиме многу да почнеме со тоа што најдобро го знаеме РИБОЛОВВВВВВВВ !!!!!!! БИСТРО.
Изгрејсонце над Мавровкското езеро и неговите Убавини.
Денес сефте правеше ДАЦЕ. Со неговиот ритуал (машала, аирлија.)така ги довикува кленовите хаа,хаа,хаа.
И наредната беше негова . (ритуалот му успева).
Оваа беше моја, и понатака како на филмска лента ГОРАН ,па ДЕКИ –рибароттт ,ништо не заостануваше зад нас и ФИЛИП ама добар е се труди (ке биде рибариште од него) па се во круг.
A oва клипче е за Бато (lepi ) затоа што му се допаѓаше рецептот за КЛЕНОТ. ПОЗДРАВ( LEPI).
За првата репортажа имаше коментари (зошто не направивте една снимка ФАТИ ПУШТИ) Значи вративме се назад што беше( ситно) не беа се поголеми парчиња, вративме секој барем по два поголеми примероци, тоа што и припаѓаше на природата и тоа што го ветивме,ама неможеме да ги пуштиме сите клипови а тоа што беше наше си дојде на свое место.
Направивме еден круг по езерото си ја пробавме среќата ина ТРОЛИНГ.
Еве го и резултатот од Тролингот.
И денешниот биланс.(од саботата)потврдено со датум и час).
(НЕДЕЛА) ДЕКИ- рибароттт и едно од најдобрите парчиња.
ГОРАН.
ОКИ –рибар - мислам дека имаше доста слики од риба во Саботата па решивме да ги сликаме само подобрите од( Неделата.)
После двата дена проведени на вода во чамец малку заморни,изгорени од сонце желни за спиење решивме да го прекинеме Рибарењето зошто и времето толку ни дозволи се појавија облаци почна да роси, да грми, и тоа беше крај, зошто не сакавме да се доведеме во опасна ситуација, излеговме од вода го собравме шаторот, чамецот, и целата опрема и тоа беше се за овој викенд.
Ако внимателно ја следите репортажата ке видите дека се е објаснето на кој мамец е фаќано, опремата се гледа, дубината зависеше од местото, употребувано е Мисиркин (џигер) прихрана за Клен,итн.
Се надеваме дека го исполнивме ветуваното и мислам дека во иднина ке има и уште подобри Репортажи од нас,а истото го очекуваме и од другите РИБАРИШТА!!!
Поздрав од Мавровско Езеро.Чаооо!!!
Репортажава е наменета за помладата популација(рибари) за која не е потребен надзор од родител или старател. ПС .Мала шала. Ако ви се допадна ќе има и продолжение. До следната репортажа БИСТРООООООООО!!!!!!!! ОКИ-рибар.
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
Алал да Ви е момци.Рибаришта во секој поглед,од Бунарчето со софрата ,се до правењето на добитна стратегија и спроведена истата на дело Нема што друго да се каже,освен побрзо со следна репортажа и нека ова сегашната Ви биде една од послабите оваа година
браво оки и целата екипа супер излет а и репортажата прав документарец , да ви се множат повеке вакви и побогати излети
--таја рака што дава не се суши
поздрав
_________________ -------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 41 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум