Поистоветувањето на фактот за сиромаштијата и риболовот како единствен извор на храна и енергија на семејствата е тотален нон сенс и да не речам прост факт за тоа да се изловува рибата или пак ние борците против криволовот да престанеме да се бориме.
Ваквите неприфатливи сфаќања погоре се токму она што не треба да се случува со форумот ниту со луѓето во него, ниту пак со никој рибар во Македонија. Тој што нема пари или е сиромав, тој го крши законот со изловување на рибата во мрест! точка! Не пишува во законот дека има исклучоци за „сиромаштија, имало риба и ќе има со години, итн“.
Која е разликата од криволов на риба и криволов на диви животни, надвор од законски мерки ?
Една глупа аналогија за да ви се долови дека кај законот не треба да постојат исклучоци за сиромаштија. Ако нема за јадење нека оди да истовара песок или да побара социјална помош од 3000 денари.
Се сложувам со тебе во целост...само што фактите друго говорат....сакале ние тоа или не,вистината е баш оваква,а ако успееме да ја смениме,тогаш е добро...иако тешко (барем во вакви услови)...
А да побара социјална помош малце потешко...зошто кога може да фаќа риба по 50 кг. на ноќ (барем така фаќаа до пред десетина години сега незнам),се местеа мрежи со километри,никој ништо не им викаше...дури и кога одиш со чамец ти викаат да пазиш да не им закачиш нешто и да не им ја искинеш мрежата...
Инаку по некоја случајност сум и ловец,и овде е ситуацијата иста (во ловот) се тепа се и сешто без мерка....
И howitz...немој да пишуваш дека нешто може да се смени,на некои луѓе таму и полицијата им се плаши,имаше случај што се раскажуваше за полицаец кој собрал мрежи и потоа му исекле со моторна пила 2 ХА лојзе и му ја запалиле куќата...а и познавам луѓе од таму кои кога ќе се поднапиеа ако некој им чепнеше на струковите со карабин ќе го пукаа...е сега ти види колку им сече паметот и колку размислуваат...