НП Маврово нема предвидено забрана за риболов на попадика поради мрест. (
http://npmavrovo.org.mk/?id=6&nid=87 )
Ако се повикуваме на нешто, треба на законот за рибарство и аквакултура каде што е јасно наведено дека не смее да се лови риба која се мрести во моментот.
Еве ги правилата:
-Дозволени денови: петок, сабота, недела и државни празници, а од 01.07 до 31.10 дозволен е риболов секој ден
-Дозволен дневен улов:
-Пастмка: 4 парчиња со должина над 30 см
-Крап: 4 килограми
-Останати видови риби: 3 килограми
-Дозволени риболовни средства: две риболовни трски со три јадици или три риболовни трски со по една јадица
• Риболовна дозвола се издава на лица што поседуваат легитимација за рекреативен риболов
• Риболовната дозвола нема да важи доколку не се почитуваат горе наведените правила и ќе следува соодветна пријава и одземање на опремата за риболов
Значи, кој има повеќе од 3 кг риба, кој нема легитимација и дозвола, кој има мрежичка, кој лови од понеделник до четврток -
следува соодветна пријава и одземање на опремата за риболов
Наше е да притиснеме чуварите да си ги почитуваат нивните правила