ПОЛНЕТ КЛЕН ,,А ЛА ОКИ,,
Мислам дека секоја добро подготвена риба е вкусна но еве еден рецепт и за клен.
Секако рибата е добро исчистена, ја засекуваме на неколку места по должина на телото за да може поубаво да ја прими солта и зачините.
Рибата добро ја посолуваме од надвор и истото го правиме и од внатрешната страна, додаваме вегета, и малку бибер.
Претходно во помал сад ситно рендаме морков, сецкаме и лук неколку чешниња (по вкус) ситно сецкан магданос, додаваме печурки, сланина и шекерец од лименка.
Подготвената смеса ја запржуваме неколку минути додека да зарумени .
Потоа го земаме кленот и со лажица го полниме, за да остане смесата на место го затвораме стомачниот дел со чачкалици и го поставуваме во тепсија на стомак каде ке помогнат и чачкалиците да остане во таа положба.
Во тепсијата ставаме масло за јадење долеваме бело вино и покрај самата риба ставаме лимон сецкан на парчиња.
Рибата ја печеме околу еден час на температура од 220 степени, повремено ја преливаме со самиот сос.
Се разбира ја служиме на парче, а со нејзе се разбира бунарче ЛАДНОООО!!!!!! ДОБАР АПЕТИТ.