Гасеницата е еден од најатрактивните маци за риболов на клен а воедно е и еден од мамците кој при допир со гола рака можат да редизвикаат алергиска реакција или пликови,па и затоа ја отворив оваа тема да дадам едно појаснување околу овој мамец.
-Се работи за гасеници кои растат и живеат на ливади или во висока трева и кои при допир со гола рака не ги предизвикуваат тие несакани реакции како што тоа го прават повекето видови од нивната фамилија како на пример гасениците кој ги има во крошните на боровите .
еве како изгледаат во природа таа врста на гасеници за кои сакам да ви објаснам за да се види сликовито за која врста станува збор
а еве и уште неколку слики како и јас самиот ги држам со гола рака за да не има сумнја околу тоа дека предизвикуваат алергиски реакции, инаку ги користам долги години наназад во периодотод од мај и јуни .
И нај битната работа за нас ,како да се стави овај мамец на јадица ?
јас ги ставам на јадица бр.10 или бр.8 со тоа што под самата глава ја прободувам и јадицата да помине од другата страна - (контрата од јадицата обавезно да е излезена од другата страна ) , може и да се наниже на самата јадица али првиот начин е некако поприроден и гасеницата е поатрактивна бидејки цело време се движи
-може и да се лови на пец (без олово само со тапа или со сигнализатор-перце)
пс- уште еднаш да ви напоменам за другите видови различни од овај што ви го претставив - да не се залетувате со гола рака , затоа убаво видете на сликите
бистро!