Почитувани колеги испровоциран од многуте пишувања решив накусо да ви дадам некои сугестии и мои размислувања....
најнапред не е примерно и невкусно е да пишувате за некој кој не е присутен тука на лице место т.е. на форумов....
сите ваши пишувања во врска со господинот Васил Костов се паушални,неточни и во голем дел навредливи...
го познавам Васил уште пред да биде директор на институтот за сточарство,кога беше само вработен во одделот за рибарство,уште тогаш многу се трудеше (како и сега) за зголемување на рибниот фонд и средување на рибокрадците во РМ...имаме безброј преспиени ноќи покрај Вардар,Треска,Лепенец,Стрежево,Турија,Берово,Охрид и секаде..и уште мноооогу други води...(едно време бев соработник во институтот за сточарство и тоа баш во делот за рибарство)..посебно голем е придонесот за развивање на крапот и пастрмката...пред многу години во Стрежево извршивме излов на матици од 25+ кг. и истите беа пренесени во базенти специјално направени за таа намена кај браната,беа оформени и гнезда за мрестење и само таа година имаше измрестено преку 10 000 000 крапчиња кои беа вратени назад во езерото..исто се работеше на проект на Беровското езеро,да не беше Васил таму можеби уште ќе немаше крап (можеби знаете можеби не,краповите во Беровско беа пренесени од базентите во Злокуќани) и имаше проблем со одреден вид на алга,со изработка на проект се пориби со риби кои перманентно ќе ја уништуваат алгата и со самото тоа ќе се направи еден подобар еко системи подобар баланс...
на водата,рибите,растенијата,водните животни и зоо и фитопланктонот......ова се само неколку примери како треба да се работи на сите езера во РМ..а ги има безброј...посебно е важна залжбата и проектите за порибување на сите езера,а најповеќе за приватните езера за спортски риболов...затоа вие кои не ги знаете делата,заложбите или воопшто што не го познавате човекот,не зборувајте напразно...оти знете за онаа поговорка....неколку пати кажана лага,станува вистина...
Незнам сега како стои ситуцијата низ езерата но видлово е дека владее голем неред и непочитување на правилата и прописите во рибарството...
Проблем како проблем не се спортските риболовци,најголема маана се СТОПАНСКИТЕ субјекти,ако тие ги почитуваат договорите за порибување и домаќинско стопанисување риба ќе има дури и по ливадите околу езерата... _________________
|