Всушност крапот кој го уловивме јас и Тони тежеше 25,9 кг не 24,9.
Измерен пред сведоци, сликан и снимен од МТВ и даден на вести.
Снимката од пуштањето сеуште ја Чува Тони, јас мојата ја дадов на Мики од Драчево и не ми ја има вратено сеуште.
Некои милуваа така да си кажат дека крапот има еден килограм помалку, чисто за да да нивниот биде најголем .
Пуста завист де нели !
Сликите наши се многу лоши, пошто не ни носевме апарат со нас, не се ни надевавме дека за една ноќ за празник (беше 2/ри Август 1999 година) може да паднат 3 големи крапа од кои едниот навистина капитален.
Сликавме со апарат што ни го даде некој од присутните.
Имам повеќе слики на хард ама тој е дома, овде ја имам само ваа слика која е многу лоша.
За оние што не знаат, на сликата имам 117 килограми, иначе сум висок 2 метра
. чисто за споредба колкав беше крапот.
На втората слика лево е мојот партнер Тони, нормален човек...
.кој е висок 178 и тежеше тогаш некаде околу 80 и нешто кила кила и е многу понормален од мене.
Со оваа риба учествуваме во Лигата на Трофеи која се одржуваше 1999 година на територија на бивша Југославија, организирана од неколку списанија од Србија и Хрватска и тоаа година бевме победници.
Автентичноста на големината на рибите беше утврдувана од 3 професионални фотографи (еден од Хрватска и двајца од Србија) со споредба со големината на риболовецот по претходно доставени податоци и слики за споредба.
На прогласувањето добивме вредни награди од спонзорите, од кои Лав МД тогаш ни додели по еден спортекс