Еве и од мене БРАВО за свеста и за искреноста. Доблест е да признаеш и за тоа треба поздрав голем.
Мрестот никој не го сфаќаме сериозно, но од пре големо значење е за нашиве води колеги и вие тоа го знаете.
Од овој форум и портал како единствен во МК се шири јавното мислење за рибарите и нивната етика и однос кон рибата.
Да го искорениме комплексот на тоа кој е поголем рибар од кој, туку да допринесуваме за иднината на рибниот фонд.
Почитувајќи го мрестот и фати-пушти е определба која ке не крене на едно повисоко ниво.
Јас лани не ловев никаде освен по комерцијали и тук-там на езерца со концесионери.
Нема концесија и нема риболов, тоа е јасно. За тоа се бориме сега и ке биде подобро.
Неделата бевме во еден жабјарник и од тамо направив репортажа што некој ке рече овде " e..ти рибарите"?
Можеби сме будали што идема на такви води, а можевме да отидеме каде сакаме нели?!?
Но ете одиме на води како (вратница, Росоман, Гого-монд итн...)каде е легално и тука завршува се.
Ете будали сме и ке одиме на такви езера додека не се средат работите, а кај да е ке ги биде наскоро и ке се стрпиме.
Претствувам здружение кое се бори за многу цели и застапува слоган кој е за почит и не сакам да бидам покажан со прст.
Ете и сите оние кои згрешиле, а сум грешел и јас ке се најдат себеси и ке сфатат и разбирливо е дека нема да ја повторат таа грешка.
Само со добра намера и дух ке стигнеме до тамо каде сакаме и со овој медиум и со здружението.
Бистро колеги.