Као што знаеме, "WADERS" или дишечкиот комбинизон сам по себе не топли. Намената му е да не зачува суви. За да ја задржиме топлината, потребна ни е друга облека испод комбинизонот. Некој користат ѕиври, па преку нив уште неколку пара друга облека од типот на тренерки,хеланки , бициклистички и друго. Најдобар материјал за оваа намена е волната од мерино овцата. Топли а не поти и дозволува кожата слободно да дише. Најголем проблем со овој материјал е тоа што боцка. Поради оваа причина, овој материјал се меша со друг и се добива понежна ткаенина која е одлична за горенаведената намена.
Постојат повеќе фирми кој произведуваат ваков тип на облека.
Ја се решив за LOOP CALAMAI BIB, морам да признам дека испаднаа фантастични. Не само што топлат него и удобни се и не потат. Една друга особина е не впиваат вода. По обичај нешто кршам или кинам кога идам по риба. Овој пат си го скинав комбинизонот, сепак влегов во вода. За некоја минута имав вода до гаќи, а единствено ми беше ладно на стапалата затоа што користев обични чорапи. Кога искочив од вода они беа скоро суви
Безразлика дали ке земете од LOOP,SIMMS или некоја друга фирма, ова е нешто што го препорачувам силно. Проверена работа. Ако се решите за ваква работа, проверете прво што купувате, затоа што постојат повеке модели за различна намена. Едни се за подолго стоење во ладна вода, а други за подолго поминување поред ладна вода на ладно време и периодично влагање во вода.
LOOPовиве коштаат околу 70/80 евра на распродажба, а SIMMSовите се околу 140 долари.
Но секако дека може да се најде и поефтина варијанта.