www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Ное 10, 2024 11:10 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Микро кампања на Росоман
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 1:57 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Јас, Тафтабит и ВладоМКД изгорени за на вода и после скоро 1 месец обврски и турбуленции кои ми го забавија
процесот на уживање скроивме еден екстра брз договор за мало опуштање на езерцето во Росоман кој пред неколку години вроди со екстра улов.
Тамо се ваделе крапови на 5+ и амури кои давале борби невидени, секако караш во изобилие и по нешто клен и костреж.

Тргнавме рано кај 4ч. за да се наместиме со време и со надеж дека ке направиме супер инстант риболов, со спремен
спод микс за прихрана и неколку ароми на поп-ап (цц). Пуштени подолги предвези знаејќи дека езерото е доста затревено
но тоа што го видов просто ме фрапираше.

Еве како изгледаше одкога се наместивме и едвај најдовме мал простор за да фрлиме.

[ img ]


Трева, алга, некои 300 отпадни растенија одозгора, но тоа е тоа моравме да почнеме во моментот со поинтересниот дел. :D

[ img ]

После утринската терапија со мезе и ракија :lol: , малку разочарани, Владо и Тафтабит си наместија тапчињата. ;)

[ img ]

[ img ]

Cи направија простор да фаќаат караш за да биде нормално
интересно и да не го потрошиме денот жалејќи го езерото како лошо изгледа и фаќајќи се за глава кога на 15 мин
ке имаше по некој скок како да се фрлил човек во вода. МНОГУ РИБА!! КРАП!!
Толстлобици отвараа усти низ цело езеро помеѓу тревите...НЕВЕРОЈАТНИ ГЛЕТКИ.
Но, од прав слободен крапски риболов ни тронка!

Еве што добивме од резултат:

[ img ]

Мали лани измрестени крапчиња до 150-200гр.
Извадивме на црв преку 30-40, и жал ми беше да ги вратам назад од тоа што го гледав каде треба да растат.
Сакавме да ги собереме во кофа и да ги пуштиме на Велешко, но сепак тие не се наши и останаа тамо каде што
се со надеж дека ке доживеат да пораснат како роднините негови што рипаа наоколу.

Позитивната енергија продолжи со изненадувачки гест од Владо.
Извади еден воблер кој го направил за мене како подарок за роденден (иако е рано) и истиот изгледа неверојатно добро.
Неможел да дочека до крајов на месецов па го прифатив подарокот со задоволство. Едвај чекам да го пробам...

[ img ]

[ img ]

Дојде веќе 3 часот и се спакувавме зошто немаше логика повеќе да се остане и пак ќе напоменам
дека го напуштивме езерцето со разочарување не поради рибниот фонд, туку поради негрижата
од концесионерот извесен С.Р. кој се надевам ке проба да ја санира состојбата на истото.


Така разочарани и по платени дневни карти , видов и една слика што навистина ме фрли во таква
иритантна состојба, :shock: но за тоа друг пат....

Тргнавме назад и сакавме да пивнеме по некое пиво на Велешко и го побаравме Зајакот од Велес
каде наидовме на доста конструктивен муабет и екстра поминато време со мнооогу пиво. :lol:

Еве го Зајакот со презентација на лице место. 8-)

[ img ]

[ img ]

Kaj 8 часот вечерта спраштивме накај дома и колку толку освежени бевме задоволни од дружбата и
позитивната енергија што сами си ја направивме.

Поздрав до сите и Бистро. ;)

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Микро кампања на Росоман
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 2:10 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Сега уште да акнеш еден капиталец на жапчево и да баталиш крапски риболов :D :D ;)

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Микро кампања на Росоман
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 2:22 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Не е С.Р, туку е С.К :) И сте требале да отидете на полуостровот, кај што бев јас со татко ми, кога се погодивме во исто време таму :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Микро кампања на Росоман
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 2:25 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Ke bapne Dime kapitalec ako ne na ezero vo krevet sigurno.....hhahahhahaha

Da se nadovrzam za ezeroto covekot ne saka namerno da go sredi sega za sega e orentiran za nesto drugo i posle toa mozebi i ke go dotera kako sto lici.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Микро кампања на Росоман
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 2:31 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Ма и на полуостровот беше обраснато бар 5 метри, а инаку за капиталецот ке си дојде кај да е.
Нема вечно да бега...сеа да се комплетираме ко што треба од јуни месец...ке дојде кај да е.
Само морам прво крап капиталец да се појави, инвестирам у него. :D

А тој за у кревет, ехехехехе крки крки... ;)

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Микро кампања на Росоман
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 2:35 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Диме, ќе отидеме заедно на тоа езерце, ќе ти кажам кога и како, и ќе фатиш капиталец ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Микро кампања на Росоман
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 2:36 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Филип НапишиCOLON
Не е С.Р, туку е С.К :) И сте требале да отидете на полуостровот, кај што бев јас со татко ми, кога се погодивме во исто време таму :)
Имаше луѓе таму, баш на вашето место, ништо не извадија. Крапот се мрести, нејке да чепне, има поважна работа :D

Интересно е што односот Крап/Караш - (Крапчиња од ланскиот мрест) кои случајно ги ловевме бркајки караш беше 10 спрема 1 во корист на крапот.
Од прилика на 10 крапчиња едно карашче излагаше, што навистина ме изненади позитивно.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Микро кампања на Росоман
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 2:36 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
ајде има и нареден пат инаку интересно езерце , можда требало да пробате да нараните едно место за на тапа и да ловите на шечерац можи да дадеше некое поголемко крапче
-инаку зајакот опасен е одма со заби кини врзва хаххаа нема застој кај него - :mrgreen:

поздрав

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Микро кампања на Росоман
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 2:37 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Владо, така би било насекаде, кога би биле водите заштитени :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Микро кампања на Росоман
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 07, 2012 2:38 pm 
Отсутен
Wannabe Модератор

РегистриранCOLONСаб Ное 12, 2011 4:15 pm
МислењаCOLON327
ЛокацијаCOLONSkopje
А бе Диме...

Си требал да ги собереш крапчињата. 40 парчиња x 200 грама = 8kg крап, што не е за потценување!

:D :D :D

(НАПОМЕНА: мала шала пред да ме утепате со коментари)

_________________
Независен кандидат за модератор


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 107 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum