Можеби треба да земеме пример од колегите од соседството.
******преземено од
http://www.nariba.com *********
Поздрав,колеги
Во сабота 5 март - јас и уште 4 колеги направивме нешто за коешто отсекогаш сме мечтаеле.
Но, да почнам малко по оддалеку
Доста често доаѓајќи си од работа низ џебовите ми дрнкаа многу ситни монети и ми дојде една луда идеја да ги собирам како во касичките од детството и еден ден да ги искористам за некое добро дело. Е тој ден беше 5 -ти март.
Еве мал дел од нив.
Тука се построени и готови за во битка
Во сабота наутро,две коли со 5 луѓе во нив, се упатија кон предназначеното место ,со една единствена мисла и цел - да ги претворат килограмите монети во мали дамкасти,желни за бистра вода-зверчиња
.
Планината не пресретна намрштена,но ведрите физиономии беа посилни од се.
Еве ја целата формација , со Спас зад фото апаратот ( колегата од последната фотографија)
Ја собравме целата сума и пристапивме кон запакување и спремање за транспорт на малите рипчиња.
Еве ги и малите дамкасти и забести зверчиња со размер меѓу 11 и 16 см .
Овде е местото и за едно големо БЛАГОДАРАМ за сопственикот на прекрасниот рибник ,кој ни ги оддели уште попрекрасните рипчиња.
Рипчињата,околу 700 на број беа нежно натоварени в 2 -та автомобила.
По збогувањето со луѓето од рибникот,веќе летавме кон одбраната дестинација.
Следуваа 2 часа возење без парно во автомобилот ,за да не им наштетиме на малите пастрмчиња.
Имаше многу клацкање во планински црни патишта,но ништо не можеше да не уплаши
Реката - мала и бистра ,ги очекуваше новите жители
.
Задолжителна аклиматизација...
Се распоредивме во реон од 3 километри....
Од овде па натаму ќе раскажувам во прво лице , затоа што,за да покриеме поголем реон ,секој со својата ќеса се упати самостојно да порибува...
Со растреперено срце,ја отворив мојата вреќа
Малите дамкасти зверчиња беа во страшно добра кондиција,желни за нови за нив подвизи во бистрата река.
Каде е рибатааа
За околу еден час ,го завршивме тоа за коешто бевме дојдени
Еве еден "мушичар" - задоволен од завршеното.
Ајде уште двајца задоволни
И последниот од помагачите ,завршувајќи ја перфектно својата задача....
Перфектно спроведено на терен со пријатели среде природата - за мене една остварена МЕЧТА. А малите жители уште во првиот момент веќе ги тормозеа локалните животинки
Една финална фотографија,која кажува се
Една насмевната мала рипка ни заблагодарува со нејзината задоволна физиономија
.
Што повеќе му треба на човек?