Крап во бело вино
Подготовка
Крапот нека биде засечен на кременадли но не до крај од едната страна да останат прицврстени(во рибарница ако кажете за полнење знаат како да ви го исечат). Исчистениот крап го премачкувате во внатрешноста со сенф и од двете надворешни страни го полните со коцки путер, лимон, магдонос, лук,оригано, црн бибер и останати зачини. На надворешната страна ставате дополнително црн пипер, оригано и магдонос. Го преливате тавчето со бело вино и сос од домати. Ставате да се пече на загреана рерна од 200 Ц - 30 тина минути, потоа ја зголемувате температурата на 250 Ц и печете уште 15 тина минути. Може да сервирате со приготвен интегрален ориз. Остатокот од белото вино, измешан со стопениот путер,сосот од домати, може да го соберете во сад и да го служите како прелив.
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
Состав
1,5 кг крап,
2 лимони,
магдонос,
црн бибер,
оригано,
сенф,
лук,
1 путер,
1/2 л. бело вино,
сос од домати - 250 мл,
останати зачини чиј вкус го обожавате.
|