-ЦРН ДРИМ 1 ЗСРК „ПАСТРМКА“-СТРУГА Го опфаќа течението на реката Црн Дрим од истекот од Охридското Езеро во Струга, кај хотел Дрим, низводно до мостот во с. Ташмару-ништа кој е граница (од мостот е акумулацијата Глобо-чица) со исклучок на делот од регулациониот објект на ХЕЦ Гло-бочица кај црквата Света Петка до местото викано Дивлјак-Струга. Во риболов-ниот ревир припаѓаат и реките: Сатеска, од регулациониот објект северно од с. Волино (општина Дебарца) до вливот во р. Црн Дрим, Голема (или Збашка) Река, од изворите до вливот во акумулацијата Глабочица, Каналот од Струшко поле, кој ги собира водите од Струшкото поле и од изворите во с. Шум, Беличка река, од изворот до вливот во каналот на Струшкото поле, Лабунишка река, од изворите до вливот во акумулацијата Глабочица и Вевчанска река, од изворите до вливот во р. Црн Дрим, како и сите мали и микро-акумулации кои припаѓаат во овој ревир, а се утврдени во риболовната основа
Skupi не ти е точна информацијата за Црн Дрим 1.
Ова вака беше во предлог риболовната основа, но во конечната верзија е избришан делот што е болдиран и со црвено.
Дел од риболовните основи ги има на сајтот од МЗШВ, меѓу кои и за „слив на река Црн Дрим“ каде може да се провери оваа информација.
http://www.mzsv.gov.mk/node/555