www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 30, 2024 6:22 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONНед Aпр 22, 2012 9:26 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Колку пати сме биле на риболов а рибата воопшто да не сака да ни го погледне воблерот ?
Констатацијата ,, денес не и е ден ,, не смее да ,, држи вода,,.
Наместо неа треба да се запрашаме ,, правам ли нешто погрешнп,, ?
Лошо го презентирам воблерот, да не ми е копчата преголема, водата е бистра а јас можеби имам предебел конец па рибата го гледа ?
ЕЕЕ да имав невидлив конец или постои ли такво нешто ?
Постои нешто што се нарекува флуокарбон. а што е тоа всушност во теоријата и праксата ќе видиме во следниов текст пренесен од еден риболовен часопис.
Далечната 1938 најлонот се појавува како потполно нов материјал и тоа како дел од четкичката за заби, создадено од американската фирма DuPont.
Скоро 30 годими подоцна, 1966, во Јапонија извесен г-дин Ishii, хемичар и г-дин Yoshido, риболовец утврдиле дека материјалот каков што е флуокарбонот со извесни адаптации може одлично да послужи во риболовната индустрија. После три години експериментирање патентиран е fluocarbonot или FC како сосема нова врста на конец во риболовниот свет. Сето тоа се случувало под закрилата на јапонската фирма Kureha која не само што ја започнала ерата на флуокарбонот туку и ден денес е водечка во оваа сфера на риболовната индустрија.
[ img ]
[ img ]

Се наметнува прашањето, зошто да го менувам обичниот монофил со флуокарбон ?
Сите знаеме дека обичниот монофил има извесни мани.
Поприлично е растеглив додека ФК има осетно помала растегливост и од најкрутиот монофил.
Монофилот има помала специфична густина од ФК, па плива на водата додека ФК тоне. Ова има смисла при риболов со воблери кој пливаат или тонат или при риболов со лесни џигови или стримери а поготово кај мушичарењето со нимфи, мокри мушици, стримери.
Монофилот, колку и да не пие вода, ФК пие помалку. При некој истражувања, монофилот со време ослабнува и до 30 % баш заради неговото својство да впива вода. Тука треба да се спомене и мрзнењето на монофилот во зима додека кај ФК тоа е незначително.
Сигурно сме се запрашале дали монофилот што сме го купиле е ,, тазе ,, ? Тука ФК е во голема предност. Потполно е отпорен на УВ зраци, флуоросцентна или било каква друга светлина, како и на хемиски влијанија, што кај монофилите знаат да направат значителен недостаток.
Меѓутоа една од двете главни предности на ФК над монофилот е неговата отпорност на абразија, триење или абење. Многу потешко се оштетува при провлекување и триење од камења, низ потонати гранки, остри ивици па и заби од риба.. Тука треба да се спомене и неговата примена во спин риболовот како идеална комбинација на плетеница и предвез од флуокарбон.
Втората главна предност е неговата невидливост во вода. Овде би сакал јасно да кажам дека ФК не е целосно невидлив меѓутоа ,, скоро ,, е невидлив. Тука главната улога ја игра индексот на светлосното прекршување. Овој индекс на водата е 1,33, кај ФК е 1,42 а кај монофилот е 1,62. Не е целосно невидлив но далеку помалку се гледа од монофилот.
[ img ]

Како и секогаш, ништо не совршено, па така и ФК има мани.
ФК е покрут од монофилот. Оваа особина поред предностите што ги носи со себе ја има и маната на пократко зафрлување заради неговата крутост.
Исто така треба да се напомене дека носивоста на чворот кај ФК е помала него кај монофилот со иста дебелина. Но треба да се напомене и дека самите производители се свесни за ова па постојат ФК како ,, leader ,, (предвез) и ФК како ,, main line ,, ( главен конец ).
Основно е дека ФК како предвез е прилагоден за риболов на позахтевни терени, со потопени препреки. Се продаваат на калеми од 10, 25 или 50 м. Од друга страна ФК како главен конец е помек, има помалку меморија, има поголема носивост на чвор но и помала отпорност на абење. Се наоѓаат на калеми од 50 до 3.000 м.
На пазарот нема премногу од овој конец ( тука не мислам на нашиов пазар каде тешко или воопшто не се наоѓа).
туку и на светскиот. Најголема застапеност сепак има во Јапонија, како земја каде е и создаден и УСА како риболовци кој секогаш сакаат да пробаат се што е ново на пазарот и имаат голема финансиска моќ.
Поред веќе спомнатата Kureha ( првиот производител на ФК ) или на американскиот пазар позната како Seaguar, се повеќе брендови произведуваат ФК. Тука се американските Berkley, Sufix, Stren, па јапонските Toray, Varivas, Sunline, YGK, Yo-Zuri, Daiwa ..... а од европските. германските Maxima i Stroft.
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Сега малку за цената.
Процесот на производство на ФК не е воопшто евтин, ни самите состојки од кој се прави не се евтини а уште помалку разните смоли како додатоци, па така и цената на ФК се движи од 10 па до 40 евра за калем од 100-150 м. меѓутоа треба да се земе предвид и дека ФК е мнаогу потраен од монофилот и поотпорен на надворешните услови без разлика дали се наоѓа намотан на шпулна или стои на некој рафт во продавница.
Едно треба да е јасно, ФК пружа перформанси кој монофилот не може ни да ги замисли, меѓутоа секој си е во можност сам да избира па според тоа и да решава кој и каков конец ќе намота на шпулната или ќе стави како предвез

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Aпр 22, 2012 10:30 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
Ubavo napisano saso .... :!: :!: :!:
Ima i drugi raboti za FK koi bi trebalo da znaeme ....posebno sto nekoi konci poseduvaat 50% fluorine ili pomalce a i imaat i 50 % fluorocarbon..no deklarirani se kako 100 % fluorocarbon..da li e fintata da bide poeftin FK a da ne gi zagubi svoite karakteristiki ili nesto e drugo vo prasanje ne bi znael da kazam ..i zatoa ova moze da bide i prasanje ?!!!
Na nekoi konci pisuva FK coated a toa ne znaci deka se fluorocarbon .... :?: :?: :?:

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Aпр 22, 2012 10:40 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Mozebi i od tie pricini cenata mu varira drasticno. Go ima za 5 evra 25M a i za 15 evra 25M.

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Aпр 22, 2012 10:46 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Секој квалитет се плаќа.
FC coated треба да значи дека јадрото е од монофилен конец додека обвивката е флуокарбон. Со самото тоа значи дека не е 100 % флуокарбон.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Aпр 22, 2012 11:51 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Сеп 11, 2011 8:30 pm
МислењаCOLON1171
Eve eden link za jak cvor za fluorokarbon, imeno kako sto bese napomenato slaba strana na FC e negovata nosivost na cvor. prikazaniot cvor prezentiran od Shaw Grigsby bi trebalo da e od podobrite.na pocetok ne e lesno da se vrze treba mala vezba, ali vredi da se uvezba.

http://www.rattletrapramblings.com/2009 ... orocarbon/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 3:44 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
Atanasovski НапишиCOLON
Mozebi i od tie pricini cenata mu varira drasticno. Go ima za 5 evra 25M a i za 15 evra 25M.
toa se poradi sostavot na FK ..% na fluorokarbon e relativen ako taka smeam da kazam...
npr. CARBON WHITE /CARBON GHOST od tubertini su PURE FK i posto e toa poskap konec namotan e na 50m..dodeka nekoi drugi FK kaj istiot proizvoditel e poinakov kako GORILLA UC-4 ...i cena e pristapna na 100m,bidejki e mesan fk..Mislam deka jasno kazav...

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 5:02 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Daleku e poekonomicen za spin, dodeka musicarite go jadat stapot. Ja i Ilija u 3 ili 4 dena potosivme poveke od 25 metra,sto poradi cestite prevrzuvanja a i kinenja.

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 5:39 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Исто и кај спинот кога се користи како лидер ( предвез ).
Точно е дека се исплати да се купи ФК во голем котур ( како за главен конец ) отколку како лидер материјал.
Сепак не е за џабе направен лидерот, има разлика, лидерот е направен да издржи заби, остри ивици на камења, потврд е, има помалку меморија.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 10:59 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Dobar tekst Saso.
Mislam deka ednas ja zapocnavme ovaa tema so Keltan ama nekako nagadjavme :oops: .
Dobro si ja skockal so site naucni podatoci.
Edinstveno sto neznam kolku za spin e vazen Fluokarbonot poradi nevidlivosta? Poradi drugite karakteristiki mozebi.
Mislam deka dobro bi im se nasol na tapdjiite koj brkaat bojnik ili mrena na vozenje.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 23, 2012 11:12 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Според мене многу важен. Не се сеќавам кога последен пат сум ловел без подвез од флуокарбон. Добро, освен кога одам на штука или сом.
Спинот не е само влечење на воблерот и ако удри - удри.
Тоа е цела игра, секој различен воблер различно го играш. Влечеш па ќе го застанеш па ќе го цупкаш по малку, па неколку пати појако, па после ќе го оставиш да стои во место или да потоне малку. Во сета таа играрија замисли да има риба долу која сомнително го гледа и си мисли дали да го нападнам.
Јас не сакам да си помислам дека рибата не го нападнала заради тоа што ја приметила плетеницата, па затоа секогаш ставам ФК.

_________________
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 2 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum