ПРОГРАМА
за Прво коло на ПРВА КРАПСКА ЛИГА - 2012
Согласно Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов во Република Македонија, усвоените Пропозиции и Календар за спортско-риболовни натпревари во 2012 година, I коло од натпреварите во Првата Крапска Лига во спортски риболов, во дисциплината „крап" ќе се одржи од 18.05. до 20.05.2012 година, на Дојранското Езеро.
Организатор: Македонска Риболовна Федерација (МРФ)
Домаќин на натпреварот: СРК Машкудан - Стар Дојран.
Екипите (дуата) за учество на Првата Крапска Лига се сотавени од 2 (два) до 4 (четири) учесници, од кои двајца се натпреварувачи (дуо), еден резервен натпреварувач и еден капитен на екипата. Сите учесници мора да бидат регистрирани спортски риболовци за 2012 год. и да поседуваат спортска легитимација, како документ за идентификација.
Право на учество во Првата Крапска Лига имаат сите риболовни здруженија и клубови (РЗК) кои се членки на МРФ, со неограничен број екипи (дуа), доколку благовремено се пријават и ја платат пропишаната котизација за овие лига натпревари.
Натпреварите во Првата Крапска Лига нема да се одржат доколку се пријават помалку од 6 (шест) екипи (дуа).
Натпреварот ќе трае непрекинато 50 часа и ќе се одржи според Правилата за натпревари на МРФ.
Патеката ќе биде поставена на плажата во Стар Дојран.
Дозволен е тренинг на патеката во деновите 11, 12 и 13.05.2012 година.
Дозволен е улов на видот крап а се бодуваат само примероците од 1 кг. и поголеми.
За учество на Првата Крапска Лига, за сите три кола се плаќа котизација во износ од 10.000 денари. Котизацијата се плаќа на две рати, првата рата во изнпос од 6.000 денари до 14.05.2012 год. а врората рата во износ од 4.000 дена. до 11.06.2012 год. Уплатата на котизацијата се врши на посебна жиро сментка која е наменета искучиво за натпревари.
Доколу поради недоволен број на пријавени екипи, Крапската Лигата не се одржи, уплатените средства ќе бидат вратени на РЗК кои ги уплатиле.
Доколку за натпреварот се пријават повеќе од 8 екипу котизацијата ќе биде намалена, сразмерно со бројот на пријавени екипи (ќе се намали износот на втората рата).
Согласно Пропзициите за натпревари во 2012 год. за најдобрите три екипи во Првата Крапска Лига следуваат: дипломаи, медали и пехари.
Согласно нацрт Правилникот за избор на репезентација, кој го подготви Натпреварувачка комисија, резултатите од Првата Крапска Лига ќе учествиваат за избор на екипа за учество на Меѓувародни натпревари во 2012 и 2013 година.
ПРОГРАМ - СААТНИЦА
ПЕТОК: - 18.05.2012 година
до 08,00 часот - Пристигнување на екипите и пријавување
од 08,00 до 08,15 часот - Извлекување за редослед и стартни места
од 08,15 до 09,00 часот - Подготовка за пристап на патека
09,00 часот - Пристап на патека ---------------------------------------------------- прв сигнал
10,30 часот - Тешка прихрана ------------------------------------------------------- втор сигнал
11,00 часот - Почеток на натпреварот -------------------------------------------- трет сигнал
НЕДЕЛА: - 20.05.2012 година
12,45 часот - 15 мин. пред крај на натпреварот ------------------------------- четврти сигнал
13,00 часот - Крај на натпреварот ------------------------------------------------- петти сигнал
14,00 часот - Соопштување на резултатите.
СУДИСКИ КОЛЕГИУМ:
Главен судија: -
Секретар: -
Судија: -
Судија: -
Пријавувањето за учестово на Првата Крапска Лига се врши писмено, најдоцна до понеделник 14.05.2012 година. Пријавата може да е изврши преку пошта на адреса: Македонска риболовна федерација, Бул. Кочо Рацин бр. 75, 1000 Скопје, преку факс на телегон бр. 02-3164-539 и преку електронска пошта на адредсата:
contact@mrf1952.mk.
Регистрирањето на натпреварувачите и капитените и уплатата за спортската легитимација може да се изврши најдоцна до среда 12.05.2012 година. Натпреварувачите и капитените кои непоседуваат спортска легитимација ќе бидат одстранети од натпреварот и дисквалификувани.
Жиро сметка за уплата на котизацијата и спортска легитимација:
МРФ – Скопје - Спорт
300-0000032550-65, Комерцијална банка
За подетални информации сите заинтересирани можат да се јават во МРФ на тел. 02-3164-539 секој работен ден од 07.00-15.00 часот.
Прилог:
Извод од Пропозициите за натпреварите во 2012 год. и
Извод од Календарот за натпревари во 2012 год.
Натпреварувачка комисија Претседател:
Димче Мајковски